fbpx

Весникот „Илинден“ прославува четири години постоење

-

Весникот на Mакедонците во Република Албанија, „Илинден“, со пригоден текст потсетува на четиригодишнината од постоењето. Првпат се појави во 2012 година, кога беше испечатено првото издание.

– Нашата мисија е да го одржуваме и поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, за преку културен израз, Македонците целосно да го остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците од светот. По повод четригодишниот јубилеј на македонскиот весник „Илинден“ од Тирана, редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и на визуелната содржина на весникот. Воедно, редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со интересот кон содржините што ги понуди весникот, покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија – вели главниот уредник на весникот, Никола Ѓурѓај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...