вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: весник | 27 резултати

Бугарски весник со препорака: Охрид е најдобрата дестинација за Велигден

април 22, 2019

Во новиот викенд-додаток објавен изминатиов викенд, бугарскиот дневен весник „Телеграф“ на две страници објави препорака за своите читатели претстојните велигденски празници да ги поминат на брегот на Охридското Езеро. Текстот како предности на Охрид ги нуди културното наследство, прекрасните глетки и вкусната храна, но истовремено препорачува и други дестинации, како манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ крај […]

Повеќе од 700 лаги во една година на насловните страници на три српски таблоиди

јануари 11, 2019

Во 2018 година, три српски таблоиди објавиле над 700 лаги на своите насловни страници, утврдил српскиот сервис „Раскрикавање“, кој е посветен на борбата против дезинформациите. На вкупно 306 насловни страници во 2018 година, таблоидот „Информер“ имал дури 351 дезинформација, односно непоткрепена вест. „Српски телеграф“ пак на насловните страници на 223 броја објавил дури 230 неточни […]

За белградска „Политика“ Мицкоски е пантомимичар, а Иванов херој

октомври 10, 2018

Под насловот „Референдумски ајвар“, провладиниот српски  весник „Политика“ во вторникот излезе со коментар во кој оценува дека „наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“. „Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија […]

Пет години од првиот број на македонскиот весник „Илинден“ во Албанија

февруари 7, 2017

Пред пет години, како двоброј за февруари и за март, беше испечатено првото издание од весникот „Илинден“, издание на истоименото македонското друштво од Тирана. Во изминатиов период, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија, но и меѓу македонската дијаспора во светот. Во петгодишниот период, весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и со пристапот […]

Приведен главниот уредник на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“

октомври 31, 2016

Турската полиција го приведе главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, Мурат Сабунџу, и врши претрес на раководството на тој весник, објавија турските медиуми. Телевизијата „Си-ен-ен Турк“ јавува дека биле издадени налози за апсење на вкупно 12 новинари и раководители, вклучувајќи го и претседателот на управниот одбор на весникот, Акин Аталај. Новинарите се под полициска истрага […]

Српската „Адриа медиа груп“ го купи „Слободен печат“

октомври 26, 2016

Компанијата „Адриа медиа груп“ (Adria Media Group) го откупила контролниот удел во весникот „Слободен печат“ и со тоа стана доминантен сопственик во новата издавачка компанија „Адриа медиа Балкан“, која од денеска го издава дневниот весник „Слободен печат“, соопшти Бранко Героски, главен и одговорен уредник на весникот. „Разговорите и преговорите со сопствениците на издавачкото претпријатие „Слободен […]

Иницијативата за слободни избори ги повика младите да излезат и да гласаат на изборите

октомври 26, 2016

Граѓанските здруженија обединети околу иницијативата за слободни избори денеска пред Собранието го најавија почетокот на акцијата „Ние одлучуваме“, која треба да ги информира, да ги мотивира и да ги охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Акцијата, како што соопштија денеска на прес-конференција пред Собранието на Република Македонија дел од организаторите, […]

Прв број на тријазичниот весник „Заштита на регионот на Охридско Езеро“

април 11, 2016

Денеска стартуваше првиот број од електронскиот весник „Заштита на регионот на Охридско Езеро“, кој е достапен на три јазици, македонски, англиски и албански јазик. Весникот се објавува во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот Регион поддржан од УНЕСКО. УНЕСКО се залага за заштита на наследството на охридскиот регион […]

Британскиот весник „Индепендент“ од утре само во дигитално издание

март 26, 2016

Британскиот весник „Индепендент“ денеска го објави своето последно печатено издание, а од утре, триесет години стариот весник ќе биде достапен само во дигитална форма. Новинарите на интернет објавија фотографија од тимот како тропа на маса, што е стара традиција кога заминува некој од колегите.   Во последниот уредувачки напис за печатеното издание де наведува дека […]

„Катимерини“: Македонската војска ги враќа бегалците низ шуми и планини

март 15, 2016

Во грчките медиуми цел ден се поставува прашањето што се случува со бегалците што вчера преку Сува Река преминаа во Македонија. Иако македонската полиција извести дека бегалците се вратени назад, во Грција сè уште стои ставот дека немало официјално барање од македонска страна за реадмисија на бегалците и се поставува дилемата како се вратени. Весникот „Катимерини“, […]

Солзавец и водени топови врз работниците на турскиот медиум „Заман“

март 5, 2016

Полицијата подигна ограда и стражари пред најтиражниот турски весник „Заман“ во Истанбул, по што употребила солзавец и водени топови за да влезе во просториите и на сила да го спроведе судскиот налог за именување на нови администратори кои ќе го уредуваат весникот. На овој начин турските власти сакаат да ја преземат контролата врз овој медиум кој […]

Весникот „Илинден“ прославува четири години постоење

февруари 9, 2016

Весникот на Mакедонците во Република Албанија, „Илинден“, со пригоден текст потсетува на четиригодишнината од постоењето. Првпат се појави во 2012 година, кога беше испечатено првото издание. – Нашата мисија е да го одржуваме и поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, за преку културен израз, Македонците целосно да го остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата активност ќе […]

Груевски: Ќе реагираме до „Гардијан“ за лажната изјава

декември 16, 2015

Не сум изјавил дека Македонија ќе го смени името и ќе реагираме до „Гардијан“, се вели во писмена изјава на премиерот Никола Груевски во врска со интервјуто дадено за овој британски весник. „Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст каде што е очигледно […]

Странските компании бараат алтернатива на транспортот од Пиреја до Западна Европа

декември 9, 2015

Првиот човек на грчката железница, Танасис Зилиаскопулос, си даде оставка во екот на грчката железничка криза поради ситуацијата со бегалците на преминот Идомени. Блокирањето на железничката пруга, кое создава застој во преминот на товарни возови што пренесуваат стоки до Европа од атинското пристаниште Пиреја, создава огромни проблеми и загуби за грчката железница и за странските инвеститори. […]

Во Турција полицијата упаднала во редакција и го уапсила уредникот

септември 14, 2015

Турската полиција упаднала во редакцијата на весникот „Нокта“ и го привела уредникот Мурат Чапан поради објавување фотографија која се подбива со претседателот Реџепт Таип Ердоган. Магазинот „Нокта“ на насловната страница објавил фотографија од турскиот претседател како позира за „селфи“, додека зад него војниците носат мртовечки ковчег покриен со националното знаме. Весникот на „Твитер“ кратко објави […]

Се продава познатиот економски весник „Фајненшал тајмс“

јули 23, 2015

Британската издавачка куќа „Пирсон“ потврди дека преговорите за продажбата на нејзиниот познат бренд, економскиот дневен весник „Фајненшал тајмс“, се во поодмината фаза. Името на купувачот не е наведен. Како што јавува агенцијата „Блумберг“, „Фајненшал тајмс“ би можел да го привлече вниманието на медиумските компании, како што се „Аксел Спрингер СЕ“, но и други инвеститори од Европа, […]

Магазин „Туристички свет“: „Охрид – престолнина на културата и на православието“

јули 2, 2015

Во репортажа на шест страници, во авторство на Лилјана Реброња, престижниот српски магазин за современо хотелиерство и туризам „Туристички свет“ го претставува македонскиот туристички центар како една од најубавите туристички дестинации во светот за љубителите на културниот туризам. Одлично илустрираната репортажа за Охрид е објавена под наслов „Охрид: Престолнина на културата и на православието“. – Македонскиот […]

Нов број на „Шарли ебдо“

февруари 24, 2015

Новиот број на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ од денеска е во продажба. На насловната страница има куче со весникот во устата, кое го бркаат глутница други кучиња со ликовите на Никола Саркози, Марин Ле Пен, џихадисти, банкари, а во далечината по нив трча новинар на француската телевизија БФМ-ТВ. „Еве повторно тргна!“, стои на насловната страница […]

Излезе првиот број на „Гласот на студентите“

февруари 22, 2015

Денеска излезе првиот број на весникот „Гласот на студентите“, зад кој стои „Студентски пленум“. Насловната страница е со поднаслов „Што претставува Студентскиот пленум и неговиот развој“, а на неколкутите страници може да се прочита за активностите на пленумот, ангажманот на неговите претставници, автономните зони и за барањата на студентите.

Информативна пролет со „Твитер“ и со „Јутјуб“ во Македонија

февруари 17, 2015

Студентските маршови и протести, „бомбата“ на Заев и сега „контра-бомбата“ на Анонимусите и случајот со малата Тамара од Велес се темите за кои социјалните мрежи зовреа. За разлика од твитер-заедницата, која неуморно твиташе и споделуваше информации на овие теми, традиционалните медиуми парцијално ги пренесоа или целосно ги игнорираа. Тие полека ја губат битката со времето, па […]

Страна 1 од 2