fbpx
Таг: претседателски избори

таг: претседателски избори

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори, разликата е многукратно повисока на сметка на Силјановска, иако тогаш имаше тројца кандидати, наспроти сега - седум. Според досега избројаните гласови од Државната изборна комисија (ДИК), што претставува речиси 80 отсто,...

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале 801.645 лица со право на глас, од обработени информации од 3.184 избирачки места. Според досегашните податоци, најголема излезност е забележана во Новаци со 71,07%, а најмала во Шуто Оризари со 22,06%. Избирачките...

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти Јавното обвинителство. „Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на...

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 отсто од обработените 1.788 гласачки места со вкупно 899.977 запишани гласачи. Најголема излезност има во Општина Новаци, над 67 проценти, а најмалку во Пласница, каде што околу 15 проценти од запишаните гласачи го оствариле своето право на глас. Од ДИК на прес-конференција изјавија дека засега изборниот...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто – 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас до 15 часот на првиот круг на претседателските избори во 2019 година, кога излезноста била 28,69 отсто. Според податоците за излезност кои...

Излезноста на изборите до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и повисока, имајќи предвид ДИК сè уште ги нема пребројано сите гласови. Правото на глас го оствариле 6 отсто повеќе граѓани во споредба со изборите во 2019, рече на прес-конференција претседателот на...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Бројот на избирачките места во земјата за претседателските избори годинава изнесува 3.480, додека за гласање во странство беа предвидени 31 избирачки места во дипломатско-конзуларните...

Претседателски избори: Сите го бараат гласот на младите, но што нудат за возврат?

Среде жестоките политички кампањи на претседателските кандидати кои веќе неколку недели се борат за вниманието и гласовите на граѓаните, а меѓу нив и на младите, се наметнува прашањето: што навистина нудат за возврат кандидатите за прв човек/жена на нацијата? Седуммина кандидати влегоа во трката за македонски претседател, а млади лица можеа да се забележат во нивните рекламни видеоспотови, како и...

Неизвесна гордост во дел од „Македонија повторно горда“

Дел од Платформата „Македонија повторно горда“ на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, упатува на неизвесност на иднината на државата кога станува збор за евроинтеграциските процеси и за односите со Грција и со Бугарија. Бугари во устав нема да има бидејќи такво нешто нема во Договорот со Софија, а Преспанскиот договор е правно и политички отворено прашање, пишува Вистиномер во...

Познат е редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Државната изборна комисија (ДИК) денеска преку жрепка го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори. Прв на листата ќе биде актуелниот претседател и кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Под реден број два е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Гордана Силјановска-Давкова. Трет е Стевчо Јакимовски како кандидат на ГРОМ, а четврт Бујар Османи...

ДИК ги потврди седуммината кандидати за претседател

Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно ги усвои кандидатурите на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски, Арбен Таравари, Билјана Ванковска-Цветковска и Бујар Османи за претстојните претседателски избори, во рамки на кои, првиот изборен круг ќе се одржи на 24 април, а вториот, на 8 мај. Таравари и Јакимовски во рок од 48 часа треба да ја комплетираат својата...

Ангажирани 320 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за претстојните двојни избори

Вкупно 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР) ќе бидат ангажирани за претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија на 24 април и на 8 мај, најави на амбасадорката на Канада Џилиан Стирк, која ќе ја предводи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Долгорочните набљудувачи ќе бидат распоредени низ Северна Македонија од 27 април,...

Заврши собирањето потписи за претседател, останаа седум кандидати

На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидат за претседател, со што останаа седум кандидати од вкупно 15. Тие се Стево Пендаровски од СДСМ со обезбедени 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени 28.086 граѓански потписи, Бујар Османи од ДУИ со 11.085 потписи, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 11.605 потписи, Билјана Ванковска од Левица, која обезбеди...

Пендаровски, Силјановска-Давкова и Османи влегуваат во претседателската трка

Најголемите политички партии ги обзнанија кандидатите за претседателските избори на ден пред почетокот на рокот за собирање потписи. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ и на овие избори, јавија неколку медиуми повикувајќи се на извори од партијата. Ова е трет настап на Пендаровски на изборите за претседател на државата, а неговата кандидатура се очекува да...

Таравари „му фрли ракавица“ на Ахмети за претседателската трка

Во статус на социјалната мрежа, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на РСМ од опозициската коалиција ВЛЕН, јавно го предизвика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го прифати предизвикот и конечно да се кандидира за претседателските избори, за двајцата да си ги одмерат силите. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека...

Грковска: Изборните кампањи да бидат транспарентни, за да нема лажни вести и дезинформации

Вицепремиерка Славица Грковска напиша отворено писмо во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 април и на 8 мај, кои беа распишани вчера. Грковска во своето писмо истакнува дека е од огромно значење сите учесници во овој процес постојано да ги имаат предвид законите и етичките принципи при вршењето на своите активности. Таа дополни дека правичното спроведување на изборите...

Изборите распишани, партиите ќе најавуваат кандидати во следните две недели

По вчерашното распишување на претседателските и парламентарните избори, се очекува политичките партии да почнат со најавување на своите кандидати за двата изборни процеси. На 24 април ќе се одржи првиот круг на претседателските избори, а на 8 мај ќе се одржат парламентарните избори, заедно со вториот круг на претседателските избори. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска треба да ги потврди официјалните...

Путин во трка за претседател со уште тројца кандидати – сите поддржувачи на војната во Украина

Регистрацијата на руските кандидати за претседателските избори во март е затворена, јави ТАСС, со претседателот Владимир Путин, кој се очекува да победи и уште тројца политичари - сите поддржувачи на војната на Русија во Украина. На листата не беше вклучен рускиот антивоен кандидат Борис Надеждин, откако Централната изборна комисија (ЦИК) во четвртокот му забрани да се кандидира, велејќи дека открила...

Трамп победи во Њу Хемпшир, речиси извесно дека ќе биде републиканскиот кандидат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп води на изборите за републикански кандидат за претседател во Њу Хемпшир за 12 поени, со 90 отсто од избројани гласови, пренесува Би-Би-Си. Со оваа победа, речиси е извесно дека Трамп ќе биде републиканскиот претседател на претстојните избори. Досегашните резултати од изборите покажуваат дека Трамп освоил 55 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли освоила...

На тајванските претседателски избори победи Лаи Чинг-те, кој се залага за сувереноста на државата

Победник на вчерашните претседателски избори во Тајван е Лаи Чинг-те. Неговиот мандат ќе е трет последователен за Демократската прогресивна партија (ДПП), која се залага за сувереноста на Тајван, известува Гардијан. Се смета дека резултатот на изборите ќе доведат до повеќе тензија меѓу Тајван и Кина, која се залага за анексија на Тајван. Се очекува да се зголемат тензиите меѓу двете...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...