fbpx
Таг: Палестина

таг: Палестина

Израел спаси двајца заложници, а усмрти 67 Палестинци

Израелското проширување на својата воена офанзива во Газа во градот Рафах резултираше со успешно ослободување на двајца од заложниците заробени од Хамас, но и со смрт на околу 67 Палестинци, јавува Би-Би-Си. Двајцата заложници, кои биле заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, се наоѓале во стан во станбена зграда во градот Рафах. Специјални...

Израел со воздушни напади на Рафа, Борел предупреди на катастрофални последици

Во воздушните напади во градот Рафа во Појасот Газа загинаа најмалку 28 лица, додека повеќе од милион цивили кои се засолнуваат во областа се подготвуваат за можноста за целосна израелска копнена офанзива на последното место кое се смета за релативно безбедна територија, пренесува Гардијан. Рафа е најјужниот град на палестинската територија што е погоден од жестоката офанзива на Израел по...

Секој граѓанин во Газа е гладен, од очај се јаде трева

Хуманитарната организација „Екшн ејд Палестина“ предупредува дека нивото на глад во Газа е загрижувачки високо, велејќи дека секој човек во Газа е гладен. Дополнително, Палестинците во појасот имаат пристап до само 1,5 до 2 литра нечиста вода дневно, пренесува Гардијан. „Луѓето сега се толку очајни и гладни што јадат трева. Истовремено, инфекциите и болестите неконтролирано се шират. Единственото нешто што...

САД со прецизен напад уби лидер на терористичка група поврзана со Иран во Багдад

Прецизен воздушен напад со дрон лансиран од САД во Багдад резултираше со смрт на три члена на Катаиб Хезболах, ирачка исламистичка група поддржана од Иран, известува Би-би-си. Еден од убиените бил Абу Бакир ал-Саади, висок раководител во групата. Според Пентагон, Ал-Саади бил бил вклучен во планирањето на нападите врз американска база во Јордан на 28 јануари, кои резултираа со смртта...

Нетанјаху ги одби условите за примирје на Хамас

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ги одби условите за примирје поставени од Хамас, нарекувајќи ги нивните барања „бизарни“, известува Би-би-си. Според него, може да се очекува победа за Израел во текот на следните месеци. „Ако Хамас преживее во Газа, ќе биде прашање на време кога ќе се случи следниот масакр. Не постои друго решение освен целосна и конечна победа“, изјавил...

Хамас одговори на договорот за примирје од Израел

Хамас одговори на договорот за примирје, кој беше подготвен по преговори меѓу Израел, САД, Египет и Катар. Премиерот на Катар изјавил оти одговорот на Хамас генерално бил „позитивен“, известува Би-би-си. Деталите на договорот сè уште не се јавни, но претходно медиумите добија информации дека станува збор за шестнеделно примирје, кое би вклучувало размена на палестински затвореници во Израел и заложници...

САД лансира дополнителни напади врз Јемен

САД лансираше нови воздушни напади врз Јемен. Беа таргетирани воени цели поврзани со Хути, воената организација која го контролира поголемиот дел од Јемен, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Овие напади доаѓаат само неколку дена по масовните напади на САД и Обединетото Кралство врз Јемен во саботата. Од Обединетото Кралство тврдат дека нападите биле чин на самоодбрана, со цел спречување на нападите...

Израел ја проширува офанзивата во Рафах, дом на преку милион раселени Палестинци

Министерот за одбрана на Израел Јоав Галант соопшти на Х (поранешно Твитер) дека офанзивата на Израел ќе продолжи во градот Рафах, кој се наоѓа на границата со Египет, пренесува Гардијан. Изминатите недели најголемите борби беа во градот Хан Јунис. Според Галант, главните структури на Хамас во Хан Јунис се погубени. Галант најави дека откако целосно ќе се заврши операцијата во...

Израелски војници маскирани како медицински лица убиле тројца Палестинци во болница на Западниот Брег

Вооружени израелски сили, маскирани како жени и медицински лица, влегле во болницата „Ибн Сина“ во градот Џенин во окупираниот Западен Брег. За време на рацијата, израелските војници убиле тројца Палестинци. Израелските сили тврдат дека убиените биле борци кои пренесувале оружја и ја користеле болницата како засолниште, пренесува Гардијан. Дополнително, израелските сили тврдат дека еден од убиените планирал да изврши напад...

Меѓународниот суд на правдата нареди прекин на геноцидот во Газа

Меѓународниот суд на правдата (МСП) му нареди на Израел да го прекине геноцидот во Газа, при што судијката Доногју рече дека Израел мора да ги „преземе сите мерки во своја моќ“ за спречување дејствија во рамките на Конвенцијата за геноцид, соопшти Гардијан. Таа додаде и дека мора да се преземат итни мерки за подобрување на хуманитарната ситуација во Газа, а...

Израел и Хамас договораат примирје

Израел и Хамас наводно преговараат околу 30-дневно примирје, кое би вклучувало размена на затвореници, велат извори за Ројтерс. Ова би било второто примирје од почетокот на војната во Газа. Првото примирје меѓу Изарел и Хамас се случи претходната година и траеше од 23 до 30 ноември. Тогаш Израел ослободи 150 палестински затвореници, а Хамас ослободи 50 од заложниците кои ги...

Повеќе од 25.000 загинати од почетокот на израелската офанзива

Повеќе од 25.000 луѓе загинале во Газа од почетокот на конфликтот со Израел минатата година, изјавија од Министерството за здравство на Хамас. Би-би-си соопшти дека во последните 24 часа имало 178 смртни случаи што претставува еден од најсмртоносните денови во војната досега. Како што продолжуваат борбите, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху продолжува да ја отфрла можност за создавање палестинска држава. Белата куќа...

Пакистан со одмазднички напади врз Иран, загинаа седум лица

Пакистан изврши одмазднички ракетни напади врз Иран, при што наводно загинале седум лица, јавуваат светските медиуми, откако во вторникот Иран изврши напади врз Пакистан. Пакистан соопшти дека нападите погодиле „терористички засолништа“ во иранската провинција Систан-Балучестан, пренесува Би-би-си. Убиени биле три жени и четири деца, соопшти иранската државна телевизија. Реципрочните напади доаѓаат во време на зголемени тензии на Блискиот Исток со неколку кризи...

Иран ги бомбардира Ирак и Сирија, војната во регионот ескалира

Иранската револуционерна гарда, односно главната гранка на иранската војска, лансираше ракети во Сирија и во градот Ербил во Ирак, главен град на полу-автономниот регион Курдистан. Иран тврди оти воената цел во Сирија е поврзана со Исламската држава (ИСИС), а дека во Ербил се наоѓа шпионски центар на Мосад, разузнавачката агенција на Израел. Според Иран, нападот е одговор на скорешниот самоубиствен...

САД изврши уште еден воздушен напад во Јемен

САД изврши воен напад со „Томахок“ ракети во база во Јемен, каде се вршело лоцирање со радарски системи. Нападот доаѓа еден ден по обемниот напад на САД и Обединетото Кралство врз речиси 30 воени бази во Јемен, известува Гардијан. Петмина загинале и шестмина биле повредени во вчерашните напади. Нападите на САД и Обединетото Кралство се одговор на нападите врз бродови во...

САД и Британија бомбардираа воени бази во Јемен, каде избија масовни протести

Вчеравечер воените сили на САД и Обединетото кралство бомбардираа воени бази во Јемен, известува Би-би-си. Нападите се одговор на нападите врз бродови во Црвеното Море од страна на Хути, екстремистичката организација која го управува Јемен. Нападите на Хути започнаа по војната во Газа и нивната иницијална цел беше да се спречи гориво и други ресурси да стигнат до Израел....

Започнува процесот во Хаг против Израел за геноцид во Газа

Денеска започнува дводневното рочиште за постапката во Меѓународниот суд на правдата во Хаг покрената од Јужноафриканската Република (ЈАР) против Израел во која го обвинуваат Израел за геноцид врз палестинскиот народ во појасот Газа. За ваков вид на тужби вообичаено се потребни години за пресуда, но во својата апликацијата ЈАР побара од Меѓународниот суд да преземат итни мерки за да се...

САД и Британија соборија ракети од досега најголемиот воздушен напад на Хути во Црвеното Море

Американски и британски сили соборија ракети лансирани од Хутите во Црвеното Море, известува Гардијан. Не се забележани загинати лица. Нападот на јеменската исламистичка група се смета за најкомплексниот досега откако таа почна да таргетира бродови во регионот по конфликтот во Газа. Како последица на напади на Хути, најголемите шпедитерски фирми ги пренасочуваат своите бродови да кружат околу Африка наместо да одат...

Израел: Палестинци нема да се вратат дома во Северна Газа без договор за размена на заложници

Според информации пренесени од двајца високо ренгирани израелски функционери до американскиот медиум „Аксиос“, во преговорите со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Израел ќе стои зад ставот дека нема да им дозволат на раселени Палестинци да се вратат во своите домови во северот на Газа сѐ додека не се постигне нов договор за размена на заложници и затвореници. Блинкен е во...

Израел ќе повлече дел од своите војници од Газа

Израелската влада најави дека ќе повлече дел од своите војници од Газа, известува Гардијан. Најголем дел од војниците кои ќе бидат повлечени доаѓаат од повеќе од 300.000 резервисти кои беа регрутирани за војната. Целта е да се „реенергизира“ израелската економија. Дополнително, ваквата одлука е дел од менувањето на фокусот на израелската офанзива кон попрецизни операции против Хамас. Сепак, дел од...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...