fbpx
Таг: Палестина

таг: Палестина

Јужна Африка поднесе тужба во Хаг против Израел, го обвиунва за геноцид

Јужноафриканската Република (ЈАР) поднесе тужба против Израел во Меѓународниот суд на правдата, во која бараат судот да ги класифицира операциите на Израел во Газа како геноцид, известува Гардијан. Израел ги отфрли обвинувањата. „Делата на Израел за кои се жали Јужна Африка се од геноциден карактер бидејќи имаат за цел да доведат до уништувањето и искоренувањето на значителен дел од палестинската...

Хамас ќе пристигне во Египет за преговори за примирје

Се очекува делегација на Хамас денес да пристигне во Каиро за преговори за примирје. Гардијан известува дека извори блиски до Хамас велат оти договорот кој Египет ќе го понуди на Хамас вклучува привремени примирја, размена на затвореници, што надежно би довеле до крај на војната. Претставник од Хамас изјави дека се „отворени за секакви идеи и планови за прекин на...

Нетанјаху одбива да преговара за иднината на Газа

Додека Израел ја проширува и засилува својата офанзива во Газа таргетирајќи кампови за бегалци, премиерот Бенјамин Нетанјаху одбива средби и преговори во врска иднината на појасот Газа во однос на нејзиното управување, откако ќе бидат постигнати воените цели на Израел, известува Гардијан. Премиерот одбил три барања за средба од Мосад (разузнавачката агенција), Шин бет (безбедносната агенција) и одбранбените сили. „Времето истекува,...

Израел: Војната има фронтови во повеќе соседни земји

Израел е веќе под напад од седум места, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел, известува Гардијан и додава дека седумте извори се Газа, Либан, Сирија, Западниот Брег, Ирак, Јемен и Иран. Галант изјавил дека веќе имаат преземено мерки против шест од овие „театри“, како што тој ги нарекува. Ирански паравоени организации се инволвирани во напади на израелски и американски...

ОН вели дека веќе нема безбедно место во Газа, Нетанјаху сака да ја прошири офанзива

Состојбата со раселувањето на жителите на Газа е крајно сериозна, изјави денеска Џема Конел, лидерка во хуманитарна група на Обединетите нации. Според неа, луѓето постојано добиваат нови упатства за тоа, каде е безбедно во Газа, но кога ќе стасаат до наводно безбедно место, нема адекватно место за нивно сместување, известува Гардијан. „Зборував со многу луѓе. Овде во Рафах има толку малку...

Најмалку 78 лица убиени во бомбардирање на камп за бегалци во Газа

Палестинското министерство за здравство соопшти дека најмалку 78 луѓе биле убиени во синоќешниот напад на израелските сили врз кампот за бегалци Магази во Газа, од кои 12 биле жени и седум биле деца, известува Гардијан. „И покрај предизвиците што ги поставуваат терористите на Хамас кои дејствуваат во цивилните области во Газа, израелските одбранбени сили се посветени на меѓународното право, вклучително...

САД подготвени да гласаат за ублажена резолуција во ОН за војната во Газа

Денеска се очекува конечно да се гласа за резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за безбеден пристап до хуманитарна помош и обезбедување на условите за примирје во појасот Газа, известува Гардијан. Сегашното барање е значајно помало од првичната верзија на резолуцијата, која бараше итно примирје. Оваа недела интензивно се работеше на тоа да се промени резолуцијата така...

Бројот на убиени во Газа од почетокот на војната надмина 20.000

Како што хуманитарната состојба во Газа континуирано се влошува, така и преговорите за примирје во регионот континуирано се комплицираат. Според Министерството за здравство во Газа, бројот на жртви во Газа надминал 20.000, известува Би-би-си. Советот за безбедност на Обединетите нации повторно го одложи гласањето за примирје во Газа, со цел реформулирање на резолуцијата за да биде прифатлива за САД. Претставници...

Лидерот на Хамас пристигна на преговори во Египет

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех пристигна во Египет за да се сретне со египетски посредници во преговорите со Израел. Се смета оти ќе се преговара околу воведување примирје во Газа, известува Би-би-си. Ханијех, инаку, живее во Катар. Според Гардијан, средби меѓу премиерот на Катар и високо рангирани членови на ЦИА поминале „позитивно“. Сепак, еден од присутните на средбите рекол дека...

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за резолуција за примирје во Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе гласа за резолуција за примирје во Газа. Се очекуваше вчера да се одржи гласањето, но истото беше одложено за да се допрецизира формулацијата на барањето на резолуцијата, известува Би-би-си. Конкретно, се ублажува барањето на „прекин на огнот“ во „суспензија на огнот“, со цел да се добие поддршка и од Соединетите...

Израел бомбардираше камп за бегалци во Газа, најмалку 90 загинати

Синоќа израелските одбранбени сили го бомбардираа кампот за бегалци Џабалија, кој се наоѓа на северот на појасот Газа. Според Mинистерството за здравство на Газа, во нападот има најмалку 90 загинати, известува Гардијан. Ова не е првпат кампот Џабалија да биде бомбардиран од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Газа, кој започна на 7 октомври. Џабалија беше таргетиран на 31 октомври. Дополнително,...

Протести во Тел Авив откако војската призна дека убила тројца заложници во Газа по грешка

Израел денеска тагува за смртта на тројцата заложници од Газа, кои се убиени поради грешка на израелските војници, а војската изрази каење за „трагичниот“ инцидент што предизвика протести во Тел Авив, пренесува Гардијан. Тројцата убиени биле меѓу 240 лица кои се земени како заложници за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври годинава, во кои загинаа и...

Несогласувања меѓу САД и Израел додека ОН со мнозинство гласа за прекин на огнот

Израел и Соединетите Американски Држави (САД) покажаа досега најсилно јавно несогласување досега околу иднината на војната против Хамас, со оглед на тоа што двата сојузника стануваат се поизолирани од глобалните повици за прекин на огнот, пренесува Гардијан.  Несогласувањата, според Асошиејтед Прес, се појавиле во вторникот додека израелските сили извршиле напади низ Газа, уништувајќи палестински домови. Претседателот Џо Бајден му кажал...

Стејт департмент: Израел да вложи напор за заштита на цивилите во Газа

Израелскиот напад врз Појасот Газа продолжува. Вчера влегоа тенкови во центарот на јужниот град Кан Јунис, каде голем број Палестинци моментално престојуваат откако им беше кажано од израелските сили дека градот е безбедна зона, известува Би-би-си. На цивилите сместени во Кан Јунис, кој во 2017 имал околу 200.000 жители, денес им беше соопштено од израелските сили да се преместат во...

Хамас нема да ослободи повеќе заложници ако истото не го стори и Израел

Хуманитарната ситуација продолжува да се влошува, а се чини дека шансата за постигнување договор за примирје станува сè помала, известува Би-би-си и додава дека Хамас не е подготвен да ослободи повеќе заложници сè додека Израел не се согласи да ослободи палестински затвореници. За време на претходното примирје, кое траеше од 24 до 30 ноември, беа ослободени 105 заложници од Хамас...

Големи воени акции во Газа, Израел напредува во Хан Јунис

Во текот на ноќта, во Појасот Газа во Израел продолжија жестоките борби во градот Хан Јунис, додека Израел со целата воена моќ продираше во градот, откако од САД беа блокирано последните меѓународни напори да сопрат судирите и испратија дополнителна муниција на својот цврст сојузник, пишуваат светските новински агенции. Израел се соочува со меѓународно-организирано противење и повици за прекин на судирите...

Советот за безбедност на ОН ќе заседава за Газа, ОН предупредува на нови раселувања

Откако генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш се повика на членот 99 од Повелбата на ОН, Советот за безбедност денеска ќе треба да заседава за состојбата на Блискиот Исток, јавува весникот Гардијан. Гутереш бара хуманитарен прекин на огнот во Газа за да се спречи катастрофа со потенцијално неповратни импликации за Палестинците, но и за целиот Блиски Исток. Тој го...

Примирјето меѓу Израел и Хамас заврши, израелските сили продолжија со напади врз Газа

Утрово заврши седумдневното примирје меѓу Хамас и Израел. Двете страни не стигнаа до договор за продолжување на истото, а Израел тврди дека Хамас во последните часови од примирјето го прекршиле примирјето со тоа што лансирале ракети кон Израел, известува Би-би-си. Во 7 часот локално време, кога беше предвиден крајот на примирјето, израелските одбранбени сили најавија дека продолжуваат со напади во...

Последниот ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, нејасно е дали ќе продолжи

Денес е последниот ден од шестдневното примирје меѓу Израел и Хамас. Сè уште се разменуваат палестински затвореници за дел од заложниците кои беа заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, известува Би-би-си. Според договорот направен пред примирјето, истото требаше да трае четири дена, со можност да се продолжи доколку Хамас се подготвени да ослободат...

Последен ден од примирјето во Газа, Хамас подготвени да ослободат повеќе заложници

Денеска е последниот ден од предвиденото четиридневно примирје помеѓу Израел и Хамас, известува Би-би-си. Како што беше предвидено во договорот меѓу двете страни, секој ден од петок досега, Хамас ослободува дел од заложниците кои ги имаа заробено за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, додека Израел ослободува палестински затвореници, најмногу жени и малолетници. Според договорот меѓу Израел...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...