fbpx

Стејт департмент: Израел да вложи напор за заштита на цивилите во Газа

Ваквата реакција доаѓа по нападот на градот Кан Јунис, кој претходно беше обележан како безбедно место од израелските сили

-

Израелскиот напад врз Појасот Газа продолжува. Вчера влегоа тенкови во центарот на јужниот град Кан Јунис, каде голем број Палестинци моментално престојуваат откако им беше кажано од израелските сили дека градот е безбедна зона, известува Би-би-си.

На цивилите сместени во Кан Јунис, кој во 2017 имал околу 200.000 жители, денес им беше соопштено од израелските сили да се преместат во Ал-Маваси, село со помала површина од аеродромот Хитроу.

Светската здравствена организација потенцира дека Ал-Маваси нема инфраструктура да поддржи 1,8 милиони луѓе, колку што моментално има раселени лица во Газа. Новинарски тим од Скај њуз утврдил дека нема знаци од засолништа на хуманитарни агенции во селото.

Од почетокот на војната се забележува дека често се менува тоа кои зони се обележани како безбедни или не, што претставува огромен стрес за раселеното палестинско население, кое се обидува да преживее во сè полоши услови за живот. Ал-Џезира известуваат оти палестинските граѓани имаат чувство дека веќе никаде не е безбедно.

Портпаролот на Стејт департментот, Натаниел Тек истакна дека Стејт департментот го притиска Израел да „им даде повеќе вредност на животите на цивилите“ во нивните воени напади. Тој ургираше да се дадат појасни упатства на граѓаните за тоа каде е безбедно да се движат. Истакна дека Израел мора да се осигури оти ќе постои пат за мир по војната.

Градот Џенин на Западниот Брег, пак, беше нападнат со дронови од израелските сили. Забележани се најмалку четири загинати лица. Дополнително, забележани се израелски сили во бегалскиот камп во Џенин, како и во центарот на градот.

Обединетото Кралство и Европската Унија велат дека ќе имплементираат санкции врз израелските жители на Западниот Брег, кои имаат извршено напади врз палестински граѓани од почетокот на војната.

Истовремено, норвешки танкер кој пловеше во близина на јеменското крајбрежје вчера беше нападнат. Јеменското исламистичко движење Хути, поддржано од Иран, вели оти тие го нападнале танкерот бидејќи наводно носел гориво до Израел.

Хамас нема да ослободи повеќе заложници ако истото не го стори и Израел

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...