fbpx
Таг: Палестина

таг: Палестина

Започна четиридневното привремено примирје меѓу Израел и Хамас

По неколку недели изјави околу потенцијално примирје од високи функционери од Израел, Хамас и САД, а и по неколку одложувања, денеска во 7 часот наутро конечно започна привременото четиридневно примирје меѓу Израел и Хамас, известува Би-би-си. Договорот за примирјето вклучува и размена на палестински затвореници во Израел за дел од израелските заложници заробени од Хамас за време на нивниот...

Израел и Хамас се согласија на привремено примирје за да се ослободат 50 заложници

Откако функционери на Хамас и САД изминатите денови изјавија дека договор за привремено примирје во Газа е на дофат, Израел потврди дека стигнале до договор со Хамас, кој би вклучувал размена палестински затворенизи во Израел за заложниците кои Хамас ги заробија за време на нивниот на напад врз Израел на 7 октомври, известува Би-би-си. Според договорот, Хамас ќе ослободи 50...

Хамас и САД велат дека во финална фаза е договорот за ослободување на заложниците

Неколку извори од Хамас велат дека договорот за ослободување на заложниците кои беа заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври е речиси готов, известува Би-би-си. Хамас се подготвени да го прифатат договорот. Лидерот на Хамас Исмаил Ханијех, кој живее во Катар, испрати изјава до Франс-прес (АФП) и други новински агенции оти се блиску до...

Во Њујорк не е поставен билборд на кој пораката „поддршка за Украина“ се менува со „поддршка за Израел“

Видеоматеријал, кој е графички обработен лажно прикажува дека во Њујорк се појавил дигитален билборд на кој пораката „Ја поддржуваме Украина“ е потисната со порака „Го поддржуваме Израел“. Станува збор за графички обработен видеоматеријал. На оваа проминентна локација во Њујорк никогаш не постоел билбордот од видеото. Корисници на Твитер, кои отидоа да проверат што има на посочената локација, фотографираа дека...

СЗО: Болницата Ал-Шифа во Газа е „зона на смртта“

По посетата на болницата Ал-Шифа во градот Газа, Светската здравствена организација (СЗО) го опиша комплексот како „зона на смртта“. Заеднички тим на Обединетите нации предводен од СЗО ја проценуваше болницата еден час, по нејзината окупација и евакуација од страна на израелската војска, пренесува Би-би-си. Тимот рече дека видел докази за гранатирање и пукање, како и масовна гробница на влезот од болницата....

Протест за поддршка на Палестина пред влада: Излегуваме од човечка должност

„Се собравме како наша човечка должност, за да покажеме дека не успеаја да го убијат човечкото во нас“, кажа активистот Здравко Савески на протестот пред Владата во Скопје за поддршка на палестинскиот народ. Во говорите преовладаа пораките за мир, солидарноста и критика на империјалистичките центри на моќ, кои овозможуваат злосторствата на Израел да останат неказнети. Протестот беше организиран од левичарскиот...

Израелските сили нашле тела на двајца заложници заробени од Хамас

Израелските одбранбени сили (IDF) утрово изјавија дека го нашле телото на 19-годишната Ноа Марчиано, војничка за IDF, за која Хамас изјави дека била убиена пред два дена во израелски воздушен напад. Вчеравечер израелските одбранбени сили изјавија дека го нашле и телото на Јехудит Веис, 65-годишна жена која била киднапирана од Хамас на 7 октомври, известува Би-би-си. Двете тела биле најдени...

Израелските сили го бомбардирале домот на лидерот на Хамас

Израелските одбранбени сили (IDF) најавија дека со воздушен напад го нападнале домот на Исмаил Ханијех, кој се смета за лидерот на Хамас, известува Би-би-си. Според IDF, домот служел како база за терористите. Сè уште се откриваат детали за нападот. Ханијех моментално живее во Катар, а во 2006 година служел како премиер на Палестина. Моментално го води политичкото биро на Хамас. Инаку,...

Израелски војници со тенкови влегле во најголемата болница во Газа

Израелската војска извршува „прецизна и таргетирана“ операција во најголемата болница во Газа, Ал-Шифа. Израелската војска веќе подолго време тврди, според нивни разузнавачки информации, дека болницата служи како база за Хамас, известува Би-би-си. САД за прв пат го поддржи Израел во ова тврдење, повикувајќи се на своја разузнавачка информација. Хамас негира дека болницата е користена од нивни оперативци и велат дека...

Неточна е веста за обид за атентат врз палестинскиот претседател Махмуд Абас

Видеото кое стана доста вирално, а за кое се тврди дека го прикажува нападот врз конвојот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, всушност е видео од престрелка меѓу палестинската полиција и дилери на дрога. Генералниот политички комесар и официјален портпарол на палестинскиот безбедносен естаблишмент, генерал-мајор Талал Двејкат, соопшти дека шест палестински безбедносни офицери се повредени, од кои еден потешко, додека...

Оваа потресна фотографија не е од Газа, туку е креирана со вештачка интелигенција

Неколку експерти за дигитална форензика забележуваат дека фотографијата има недостатоци, односно траги кои јасно укажуваат на тоа дека е креирана со вештачка интелигенција. Притоа посочуваат на неправилности во рацете и нозете, како и на начинот на кој фигурите се вклопуваат во околината. Фотографијата стана исклучително вирална во светски рамки поради нејзината емотивна, потресна содржина која ја отсликува катастрофата и...

Болницата во Газа веќе не функционира, неизвесна судбината на 36 новороденчиња

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болницата Ал-Шифа во градот Газа повеќе не функционира како болница, пренесе Би-Би-Си. Според шефот на СЗО, Тедрос Аданом, во областа околу болницата има постојани пукотници и бомбашки напади, што ги влошило и онака веќе критичните околности. Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека повеќе од 2.000 луѓе се наоѓаат во Ал-Шифа,...

Папата Франциск побара прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците и многу повеќе помош за Газа

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Папата Франциск денеска повторно апелираше за прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците и побара многу повеќе хуманитарна помош за Газа. „Доста, доста, браќа, доста“, рече Франциск, обраќајќи се на присутните на плоштадот Свети Петар по неговата неделна молитва. Папата побара ранетите во Појасот Газа веднаш да се згрижат и да се обезбеди заштита на цивилите. Тој, исто така, рече...

Манипулација за минимизирање на украинските жртви од руската агресија

Објавата прави манипулација, изнесувајќи погрешни информации со цел да се занемари руската агресија во Украина и украинските цивилни жртви. Уште пострашно е што се прави некаква споредба со загинати деца и што се прави обид за минимизирање на детските жртви во Украина, пишувајќи со потценување дека во Мариупол загинало само едно дете кое било сирак. Убивањето невини деца како...

Фотографија од Ирак стара 20 години се споделува како да е направена сега во Газа

Фотографијата која е прикачена на Фејсбук објавата и на која се гледат повеќе посмртни останки, нема никаква врска со цивилните жртви во Газа, туку е стара 20 години и е снимена во Ирак. Фотографијата е на Марко ди Лауро, направена е  на 27 мај 2003 година во Ал Мусајиб во Ирак. Иако е од огромна важност јавноста да биде...

Нетанјаху не отстапува: Ќе продолжиме додека не победиме

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху останува на ставот дека примирје нема да има сè додека не се ослободени сите израелски заложници задржани од Хамас. Со својата копнена офанзива против исламистичкиот Хамас по масакрот врз Израелците во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, израелската војска го пресече Појасот Газа на два дела и сега го опколи градот Газа. „Што се однесува до...

ОН донесе уште една резолуција за конфликтот во Газа, Македонија и балканските земји воздржани

Генералното собрание на Обединетите нации во петокот минатата седмица (27.10.2023 г.) усвои резолуција за кризата во Газа, повикувајќи на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје што ќе доведе до прекин на непријателствата“. Како што соопшти ОН на својата официјална веб-страница оваа резолуција „го прекинува ќор-сокакот во ОН во врска со одговорот на израелско-палестинската криза која избувна на 7 октомври, при...

Зеленски не спроведува ,,екстремистички режим на етничко чистење и геноцид”

Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив  за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за...

Со дезинформации од руска кујна за војните во Украина и Израел, се оцрнува Америка

Украинските власти го отфрлија тврдењето дека нивната земја го вооружува Хамас. Агенцијата за воено разузнавање на Украина во понеделникот (09.10.2023) постираше на својата официјална Фејсбук страница обвинувања дека Русија лансира дезинформациска кампања околу овие тврдења. САД продолжуваат да ја поддржуваат Украина во нивната контраофанзива, но и во спроведувањето на сите воени дејствија, што може да се види и од...

Дезинформациите околу Израел ги поклопуваат дезинфо наративите за Украина

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...