fbpx
Таг: МАНУ

таг: МАНУ

Eкономските и медицинските директори ќе се укинат после изборите, најави Меџити

Новиот Клинички центар, кој треба да биде готов до јуни в година, ќе биде реорганизиран, односно секоја клиника нема да има посебен менаџмент, најави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој информира дека е започнат е процесот за укинување на организациските и медицинските директори, кој ќе заврши после изборите, односно во јуни. „Прв мој приоритет ми беше спојување на Клиничкот...

МАНУ доби нова опрема за генетско испитување, резултатите готови за еден ден

Денеска во МАНУ беше презентирана нова апаратура за генетско испитување, а беа промовирани и резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“. На настанот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Ковачевски рече дека набавката...

Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ

Живко Попов е новоизбраниот претседател на Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На денешната седница беше формиран новиот состав на Претседателство на МАНУ за периодот од 2024 до 2027 година, а мандатот на досегашното Претседателство предводено од Љупчо Коцарев завршува на 31 декември оваа година. За потпретседател е избран Алајдин Абази, а за секретар е избран Блажо Боев. Останатите...

Фотонапонски централи и ветерници треба да се градат само на деградирано земјиште

Фотонапонски централи и ветерни паркови можат да се изградат на камењари и неплодно земјиште без поголема вредност за природата и живиот свет, кои во земјава ги има на повеќе локации. На нив може да се постават обновливи извори на енергија, кои можат да задоволат и двојно поголема потреба за струја од сегашната, покажува истражувањето направено од Македонската академија на...

Енергетското планирање мора да е паметно за да не предизвика штета на локалните заедници и биодиверзитетот

Искористувањето на енергијата на сонцето и ветерот, како обновливи извори, е поставено како амбициозна цел при креирањето на Националниот план за енергија и клима (NECP), но сепак и во овој случај мора да се внимава да се идентификуваат најдобрите локации за овие инвестиции, за да се спречи било каква штета врз локалните заедници и богатата биолошка разновидност на земјата,...

Во петок е отворањето на самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски – Чауш

Во петок, со почеток во 20 часот, во просториите на ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите ќе се отвори самостојната изложба на македонскиот скулптор, Ангел Димовски - Чауш. Изложбата е содржана од 60 дела и тоа: скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали, бронза, дрво, алуминиум и мермер, коишто авторот ги работел во изминатите 50...

Почина академикот и поет Радован Павловски

На 84-годишна возраст во Скопје во вторникот почина академикот и поет Радован Павловски, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). По повод неговата смрт, МАНУ и Друштвото на писателите на Македонија ќе одржат заедничка Комеморативна седница во Свечената сала на МАНУ, на 28 февруари (понеделник) 2022 година, со почеток во 10 часот. Акад. Радован Павловски – поет, есеист и...

На 80 години почина писателот, академик Луан Старова

Писателот, публицист, преведувач, дипломат и новинар, академикот Луан Старова почина вчера на 80 годишна возраст. Старова е автор на обемно научно дело од областа на романистиката, поспецијално на француската книжевност, албанската и македонската, како и компаративната книжевност, кој зад себе остави повеќе од 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјава. Тој е автор е на книгата...

Во 2021 година Македонија одбележа јубилејни 100 години од раѓањето на Блаже Конески

На 19 декември, 1921 година е роден најистакнатиот македонски книжевник, поет, академик, лингвист и основоположник на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески. Годината што изминува беше година проследна со низа настани во кои професори, филозофи, лингвисти, уметници, сликари, музичари и сите останати интелектуалци оддадоа почит врз неговото творештво коешто остави трага. Програмата за стогодишнината од неговото раѓање ја одбележа 2021...

На денешен ден пред 28 години почина Блаже Конески

На денешен ден, на 7 декември 1993 година, почина академик Блаже Конески, кој беше првиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. По повод 28 години од смртта на Блаже Конески, премиерот Зоран Заев напиша дека животот и делото на Конески се судбински поврзани со раѓањето на македонската државност. „Со неговата...

Собир во МАНУ: Пендаровски гледа напредок на земјава, Црвенковски со серија критики

Нашите денешни главни предизвици се во најголем дел, структурно поинакви, меѓутоа, не се помали по тежина и по значење од оние во 1990-тите, рече претседателот Стево Пендаровски кој денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991/1991-2021 година”. Научниот собир се одржува во организација на Македонската академија...

Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите поради делта сојот, рече Филипче

Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за тоа, евентуално дали нешто треба да се препорача за критериуми за влез на границите иако, како што потенцираше, гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, како Грција на пример, има...

Фискалната консолидација е единствениот процес за да се намали јавниот долг и буџетскиот дефицит

Македонската економија почнува да покажува знаци на заздравување, што го констатираат и меѓународните финансиски институции, а буџетските средства за сите шест пакети економски мерки, во висина од 1,2 милијарди евра, даваат резултати. За тоа постојат повеќе показатели, како што е зголемувањето на извозот од 18 отсто во изминатите месеци од годинава, растот на трговската размена од 35,5 отсто, на...

Потполковникот на АРМ немал јужноафрикански, туку нигериски сој на корона вирусот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) детектирала нигериски сој на ковид-19 кај потполковникот на Армијата кој од Централноафриканската Република беше префрлен во Скопје и е сместен на Инфективната клиника. Потполковникот првично беше суспектен на јужноафриканскиот сој на корона вирусот. „Има сличности помеѓу двата соја. Нигерискиот сој исто така е чест во афричките земји,“ велат од Министерство за здравство.

МАНУ детектираше британски сој на корона вирусот и кај вториот пациент кој бил во Занзибар

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот и од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2. Вчера Министерството за здравство го потврди британскиот сој на ковид-19 кај едниот пациент од Битола, кои беше исто така на патување во Занзибар, и кој...

Медиа Плус: Од дезинформација до сајбер омраза

Тврдењето на првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и по македонска книжевност беше демантирано од Филолошкиот факултет во Скопје. Меѓутоа од петокот, кога објави академик Коцарев, па до демантот во понеделникот, се случи долг викенд на силна јавна дебата, која селејќи се на социјалните мрежи премина во сајбер омраза, пишува „Медиа...

Воздухот ќе биде полн со ПМ-10 честички, најголем број од домовите се затоплуваат со цврсти горива

Поголема ангажираност на надлежните институции во смисла на јакнење на инспекциските контроли и поставување на повеќе мерни станици за испитување на квалитетот на воздухот, поголем број и повисоки субвенции за домаќинствата за вградување на системи за затоплување од чиста енергија, како и издвојување на поголеми буџетски средства за енергетска сиромаштија, но и јакнење на свеста кај граѓаните од штетноста...

Дрвата се најголем загадувач, а на нив се греат 40 отсто од градските и над 80 отсто од руралните домаќинства

Дрвото е најголем загадувач на воздухот во градовите, особено во зимските месеци, сепак, најголем дел од домаќинствата, особено оние од руралните средини, го користат овој енергенс за затоплување на своите домови. Огревното дрво во земјава се употребува кај околу 40 проценти од домаќинствата во градовите и кај 85 проценти во руралните општини. Екологистите и експертите за климатски промени препорачуваат...

Лабораторијата во МАНУ потврди присуство на британскиот сој на корона вирусот кај 45 лица во земјава

Во периодот од 1 јануари до 7 февруари годинава, во лабораторијата на ИЦГИБ (Истражувачки центар за генетско инженерство и биотехнологија) во МАНУ било потврдено присуство на мутираниот SARS-CoV-2 вирус од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица. Како што соопшти Министерството за здравство, првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на...

Платформата за еколошка правда ќе ги поврзе науката и институциите во борбата за подобра животна средина

Поврзување на научната јавност и институциите кои работат на зачувување и унапредување на животната состојба во земјава, за да се обезбеди најдобрата поддршка во справувањето со еколошките состојби и проблеми, а особено за процесот на отпочнување преговори со Европската Унија е целта на новата Платформа за еколошка правда. Проектот го спроведува Центарот за правни истражувања и анализи со поддршка на...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...