fbpx

На денешен ден пред 28 години почина Блаже Конески

-

На денешен ден, на 7 декември 1993 година, почина академик Блаже Конески, кој беше првиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.

По повод 28 години од смртта на Блаже Конески, премиерот Зоран Заев напиша дека животот и делото на Конески се судбински поврзани со раѓањето на македонската државност.

„Со неговата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, заедно со останатите македонски лингвисти, учествуваше во кодификацијата на македонскиот јазик донесена во спроведувањето на одлуката на Првото заседание на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен во новоформираната македонска држава“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Неколку месеци подоцна, во ноември 1944 година, Президиумот на АСНОМ назначил и Комисија за македонската азбука и за македонскиот правопис, и како член на двете комисии Конески бил движечки учесник во овие процеси.

„Иницираше и учествуваше во создавањето на темелите на нашата современа институционална меморија со својот придонес во основањето на Македонската академија на науките и уметностите, на катедрата на македонски јазик на филолошкиот факултет и на Институтот за македонски јазик, на Друштвото на писателите на Македонија“, напиша премиерот Заев.

Големината и историското значење на неговата работа на тој план во основата го има неговото темелно истражување и поврзување на корените на македонскиот јазик, неговите промени и зреење кое Конески го наоѓаше во старословенските извори запишани со глаголица или кирилично писмо, како и записите на преродбениците и културните дејци од првите децении на дваесеттиот век.

„Годинава, кога ја чествуваме и 100-годишнината од раѓањето на Конески, не го чествуваме само неговиот придонес за македонскиот јазик, ги чествуваме и неговото научно дело, неговата поезија, неговата културна и национална мисија, кои ги претставуваат највисоките и највозвишените богатства на македонскиот и на другите народи во земјата. Нека му е вечна славата. Вечно ќе го чуваме и негуваме споменот на него и неговото дело“, објави премиерот Заев на Фејсбук.

Блаже Конески е роден во селото Небрегово на 19 декември 1921 година. Основно училиште и нижа гимназија завршил во Прилеп, а студиите по славистика ги започнал во Белград, а ги завршил во Софија. Како научник-славист тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...