Photo by ThisisEngineering RAEng on Unsplash

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот и од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.

Вчера Министерството за здравство го потврди британскиот сој на ковид-19 кај едниот пациент од Битола, кои беше исто така на патување во Занзибар, и кој од понеделникот е хоспитализаран.

Британскиот сој на ковид-19 досега е регистриран во неколку градови низ земјава, а како најголеми жаришта се Прилеп, Кавадарци и Охрид.

Министерот за здравство Венко Филипче неодамна изјави дека бројот на заболени од корона вирус се зголемува и дека еден дел од зголемувањето се должи на британскиот сој, бидејќи тој полесно се пренесува.