Во 2021 година Македонија одбележа јубилејни 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Фото: Илустрација на Блаже Конески претставена преку стихови од негова поезија, Моника Илкова, користење со дозвола

На 19 декември, 1921 година е роден најистакнатиот македонски книжевник, поет, академик, лингвист и основоположник на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески. Годината што изминува беше година проследна со низа настани во кои професори, филозофи, лингвисти, уметници, сликари, музичари и сите останати интелектуалци оддадоа почит врз неговото творештво коешто остави трага.

Програмата за стогодишнината од неговото раѓање ја одбележа 2021 година преку следните настани:

Делото и творештвото на почитуваниот македонски академик треба да се разбира, осознава, негува и пречитува постојано и секојдневно, знаејќи дека претставува културно богатство со непроценлива вредност за македонската литература. Тој ги остави зад себе „Македонскиот правопис со правописен речник“, „Граматиката на македонскиот јазик“, кога пишувајќи ги трите книги за „Речникот на македонскиот јазик“ го опеа „Мостот“ меѓу „Земјата и љубовта“ што како „Везилка“ го везеше неговиот пат кон „Средбата со рајот“ и останатите многу други.