Извор: Фејсбук профил на Радмила Шекеринска

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) детектирала нигериски сој на ковид-19 кај потполковникот на Армијата кој од Централноафриканската Република беше префрлен во Скопје и е сместен на Инфективната клиника.

Потполковникот првично беше суспектен на јужноафриканскиот сој на корона вирусот.

„Има сличности помеѓу двата соја. Нигерискиот сој исто така е чест во афричките земји,“ велат од Министерство за здравство.