fbpx

Фискалната консолидација е единствениот процес за да се намали јавниот долг и буџетскиот дефицит

-

Македонската економија почнува да покажува знаци на заздравување, што го констатираат и меѓународните финансиски институции, а буџетските средства за сите шест пакети економски мерки, во висина од 1,2 милијарди евра, даваат резултати. За тоа постојат повеќе показатели, како што е зголемувањето на извозот од 18 отсто во изминатите месеци од годинава, растот на трговската размена од 35,5 отсто, на индустриското производство во март од 7,6 отсто, растот на депозитите од 7,4 отсто, вкупните приходи во буџетот во мај се повисоки за 13,4 отсто, расходите редовно се сервисираат и слично, а и деловните субјекти забележуваат зголемување на нарачките од странство и на залихите.

Ова го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на заедничката прес конференција со академик Таки Фити: „Предизвиците на фискалната политика во периодот на пандемијата од ковид-19 и перспективи во посткризниот период“, што се одржа денеска во МАНУ пред почетокот на првата научна конференција на МФ и МАНУ за предизвиците на ковид-19 и идните економски политики, на која учествуваат поголем број економски експерти.

„Економските движења за годинава се оптимистички, но сѐ уште постојат предизвици. Падот во економијата е амортизиран, но доколку има потреба, ќе се продолжи со мерките за економска поддршка и ќе се прави проценка на буџетските можности, со цел да зајакне економијата и да се постигнат просечни стапки на раст од 5 отсто на годишно ниво. Покрај антикризните мерки, постои и амбициозен план за јавните инвестиции, низа проекти за забрзан раст на среднорочен план и за намалување на фискалниот дефицит во буџетот. За тоа ќе се најдат нови извори на финансирање од меѓународни институции, но и од приватниот сектор“, рече Бесими.

Според академик Фити, со ковид пандемијата буџетскиот дефицит се зголеми, а јавниот долг надмина над 60 отсто, но со слична ситуација се соочија сите земји во светот поради нарушување на финансискиот систем од трошоците предизвикани од ковид кризата.

„Треба да се стави акцент на јакнење на финансиската политика што ќе донесе заздравување на економијата во наредната година. Во фокусот треба да се постави управувањето со јавниот долг, за што се потребни мерки за негово добро менаџирање и негова стабилност. Фискалната и монетарната политика треба да се вратат во стабилна позиција, а за тоа е потребна фискална консолидација заради намалување на јавниот долг и на буџетскиот дефицит. Тука треба да се концентрираме. Ова е комплексно прашање и ќе значи тежок процес со многу ризици. Буџетскиот дефицит треба да се намалува, и од 4,9 отсто да биде над 2 отсто до 2025, а јавниот долг да падне под високите 60 отсто, зашто во спротивно, ќе дојде до голем инфлациски притисок“, рече Фити.

Фискалната консолидација, според него, нема да тече едноставно и брзо по периодот на пандемијата и ќе носи ризици, па затоа треба да се избере најдобриот пристап. Да се види дали е тој преку намалување на непродуктивните трошоци, зголемувањето на некои даноци или нивна комбинација, а бидејќи преовладува мислењето дека каматните стапки ќе останат ниски, треба да се искористи и тој поволен момент. Значајни буџетски полнења можат да се добијат со намалување на даночната евазија, на сивата економија, со одредено зголемување на персоналниот данок на доход, со воведување на еколошки даноци и слично, а стапката на ДДВ да не се менува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...