!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Руска новинарка киднапирана во Киев


Киев, 30 август, 2017 - 14:39 (META) 

Репортерката на рускиот „Канал 1“, Ана Курбатова, е киднапирана во средата во Киев, пренесува „Спутник“.

Украинските власти ја обвинуваат Курбатова за манипулација со информации од јавно значење и за учество во антиукраинска пропаганда.

Засега не се познати детали за околностите на нејзиното киднапирање.

Претходно Службата за безбедност на Украина протера двајца шпански новинари кои биле соочени со исти обвинувања.


Португалија победи на натпреварот за песна на „Евровизија 2017“


Киев, 14 мај, 2017 - 9:48 (META) 

Португалија е победник на годинашниот избор на песна на „Евровизија“, европската мрежа на национални радиодифузери, кој се одржа во Киев, Украина.

Со 758 поени, 27-годишниот Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ ги освои симпатиите на Европа и на својата земја ѝ ја донесе првата евровизиска победа. Португалија е земја со најдолг стаж како натпреварувач, но досега никогаш го нема освоено ова музичко натпреварување.

За време на својот настап, младиот Салвадор, кој важеше за еден од фаворитите, предизвика огромни овации кај публиката. Песната со која тој ја претстави својата земја е напишана од неговата сестра.
Во финалето се натпреваруваа 26 земји. Меѓу нив не беше Македонија, но беа соседните земји Грција и Бугарија.


Примирје за Велигден во Украина


Киев, 30 април, 2016 - 11:15 (META) 

Прозападните власти во Киев и бунтовници во источниот дел од Украина вчера почнаа со примена на примирјето за Велигден.

Портпаролката на украинскиот претседател на преговорите одржани под покровителство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изјави дека прекинот на огнот стапува на сила од петокот на полноќ.

„Договорено е таа наредба да им биде проследена на сите на теренот“, соопшти Дарка Олифер.

На веб-страницата на властите на самопрогласената народна република Донецк, потврдено е дека за надгледување на примирјето ја понудиле мисијата на ОБСЕ. Примирјето ќе трае до 8 мај, кога се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Ова примирје доаѓа во периодот кога властите на проруските сепаратисти објавија докази дека службата за безбедност на Украина организирала атентат врз челникот на Донецката народна република, Александр Захарченко.