fbpx

Населението во Херсон во недостиг на храна и лекови, досега оштетени 139 украински болници

-

Има недостиг на храна и лекови и репресирање на населението од градот Херсон, којшто на почетокот од март беше окупиран од руските вооружени сили. Ова го тврди украинското Министерство за надворешни работи (МНР) во денешната изјава за хуманитарната ситуација во Херсон.

„Руските окупатори ги репресираат жителите на градот. Конкретно, тие на 21 март отворија оган врз мирните демонстранти на Плоштадот Слобода, при што беше повреден еден постар човек. На позадината на обидите за потиснување на граѓанскиот отпор, руската окупациска администрација се обидува да создаде окупациски тела на самоуправа“, велат од украинското МНР.

Поради блокадата, градот има критичен недостиг од храна и лекови. Посебен ризик се новороденчињата, за кои недостига храна за бебиња и средства за хигиена, како и тешко болни лица, додаваат од украинското МНР. Во Херсон исто така има околу стотина странски студенти.

Тие тврдат дека Русија во моментов одбива да формира хуманитарен коридор за евакуација на цивили и испорака на храна.

Во меѓувреме, светските медиуми јавуваат дека од досегашното бомбардирање на градот Харкив се уништени речиси 1.000 цивилни објекти. Најмалку 600.000 жители принудно го напуштиле градот од почетокот на руската инвазија на Украина.

Во киевскиот регион денеска е гранатиран магацин на фармацевтската индустрија Фармак, при што од компанијата се обидуваат повторно да го воспостават производството, јавува Укринформ. Во пристанишниот град Миколаив руската војска го гранатирала пристаништето, при што оштетена е инфраструктурата.

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко изјави дека руските сили досега гранатирале 139 болници во земјата, при што целосно се уништени 10 од нив. Воедно, според податоците од украинското обвинителство од почетокот на руската инвазија до денес најмалку 117 деца загинале, а повеќе од 155 се повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...