fbpx

Украина успева да поврати територии источно од Киев, нова евакуација на жители од Мариупол

-

Украинските сили успеале да повратат градови и одбранбени позиции на 35 километри источно од Киев, коишто претходно беа окупирани од руската војска. Ова се најновите информации на британското разузнавање, за кои денеска информира весникот Гардијан.

Податоците говорат дека украинските сили се обидуваат со офанзива да ја примораат руската војска да се врати назад на нејзините позиции северозападно од Киев кон аеродромот Хостомел. Инаку, целта на руската војска е да го опколи украинскиот главен град, откако кон крајот на февруари неуспешно проба да влезе во Киев.

Укринформ јавува дека синоќа било гранатирано депо за нафта во селото Калинивка, Киевската област, при што биле запалени резерви со нафтени деривати. Во регионот околу главниот град, во изминатово деноноќие се воделе борби во околината на Буча, Ирпин, Хостомел, Била Црква и Василкив.

Украинските власти информираат дека најмалку две лица загинале во синоќешните гранатирања на населени места во Луганската област. Повеќе од нападите во текот на ноќта се одвивале во Кремина, Новодружеск, Лисичанск, Попасна, Северодонецк и Рубижне.

Воедно, Украина тврди дека во нападот на нејзините сили на окупираното пристаниште Бердијанск бил уништен рускиот воен брод „Саратов“, додека два други брода биле оштетени. Овој град беше окупиран од руските сили во текот на март, а се наоѓа во близина на Мариупол, јавува Укринформ.

Во меѓувреме, во текот на денешниот ден треба да се отвори нов коридор за извлекување на цивили од опколениот град Мариупол. Жителите е планирано со автомобили да бидат извлечени до окупираниот град Бердијанск, а од таму со автобуси да се пренесат до Запорожје. Инаку, борбите во Мариупол продолжуваат, а цивилите се кријат во подруми и скривници и се со многу малку храна и без струја и вода за пиење.

Според податоците на УНХЦР, заклучно со вчерашниот ден бројот на цивили што го изгубиле животот во едномесечната војна во Украина се искачил на 1.035, додека 1.650 цивили биле повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...