fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Лекарите во Газа пред најавената копнена офанзива на Израел: Ќе умрат илјадници луѓе

Нема вода во засолништата на Обединетите Нации низ Газа додека илјадници луѓе се спакуваа и пристигнаа во дворот на најголемата болница на опколената територија, за да се засолнат од најавената израелска копнена офанзива, јавува Асошиејтед Прес. Докторите се загрижени за пациентите за кои стравуваат дека ќе умрат откако генераторите ќе останат без гориво. Палестинските цивили низ Газа, кои веќе  страдаат...

Нетанјаху: Израел ќе ги разбие „крвожедните чудовишта“ на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат денеска свика вонредна владина седница во Тел Авив, велејќи дека националното единство покажано во последните денови испратило порака дома и во странство, пренесе Гардијан. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го „растури“ Хамас, од како што рече „крвожедните чудовишта“. Говорејќи на седницата, која започна со молк за 1.300 израелски жртви кои беа убиени од...

На жителите на Појасот Газа дадена им е нова временска рамка за да можат да бегаат

Израел продолжува да одговара на нападите на Хамас кои започнаа на 7 октомври. Министерството за здравство во Појасот Газа утринава соопшти дека во израелските воздушни напади загинале повеќе од 2.300 Палестинци, а повеќе од 9.000 се ранети, соопшти Би-би-си. Израелската војска денеска објави дека ќе им дозволи на жителите на Газа да се евакуираат на југ и дека стотици илјади...

Палестинците во грч брзаат кој југот на Газа, додека израелската војска врши воени дејствија

Палестинците во грч брзаат да избегаат од северот на Газа денеска, откако израелската војска нареди повеќе од половината од населението да се евакуира во југот на територијата и врши теренски упади, пред очекуваната копнена офанзива, точно една седмица по крвавиот напад на екстремистичкото движење Хамас на израелска територија, јавува новинската агенција „Асошиејтид Прес“. Израел ги обнови повиците на социјалните медиуми...

Не е точно дека Хамас го заробиле израелскиот генерал Нимрод Алони

Според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, генералот Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити. Алони јасно може да се види дека кратко се појавува во видео каде високи воени лица разговараат за последните случувања во Израел. Состанокот е од саботата и беше...

Шефот на украинското разузнавање: Можна е руска вмешаност во нападот на Хамас

Напредните тактики на Хамас во користењето дронови при напад на борбени возила мора да е резултат на руска обука, тврди во интервју за „Украинска правда“ шефот на украинското воено разузнавање, Кирило Буданов. Насловот на вчерашното интервју со Буданов е драматичен: „Брзо се приближуваме до глобална војна“. Иако Буданов не тврди дека постојат јасни знаци за директна руска вмешаност во нападот...

ЕУ со предупредување до ТикТок за дезинформации поврзани со нападот на Хамас врз Израел

Европската Унија го предупреди ТикТок за дезинформации што се шират на платформата по нападот на Хамас врз Израел. Во писмото, ЕУ го повикува извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чу „итно да ги засили“ напорите и во следните 24 часа да објасни како се усогласува со европското право, јавува Би-би-си. Социјалните мрежи бележат пораст на дезинформации за конфликтот меѓу Израел и...

Израел им даде рок од 24 часа за евакуација на Палестинците од северна Газа

Израелските власти им дадоа рок од 24 часа на Палестинците да се евакуираат од северна Газа, јавува Би-би-си. Светските медиуми објавуваат фотографии од жени и деца од Газа како се подготвуваат за евакуација и заминуваат од своите домови во јужните делови од Појасот Газа. Би-би-си пишува дека зададениот рок од Израел е прекраток за евакуација на сите 1,1 милиони жители...

Бесплатен авионски превоз за евакуација на македонските државјани од Израел, на релација Тел Авив – Скопје

Oрганизиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во земјава, соопшти Владата. Оттаму додаваат дека во услови на целосно откажани летови и блокиран авиотранспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку...

Сириски медиуми: Израел изврши воздушни напади врз аеродромите во Дамаск и во Алепо

Сириските државни медиуми објавија дека израелските воздушни напади попладнево ги погодиле меѓународните аеродроми на сирискиот главен град Дамаск и северниот град Алепо. Пистите се оштетени и исклучени од сообраќај, јави новинската агенција Асошиејтед прес.  Државната новинска агенција САНА цитирала неименуван воен функционер кој рекол дека во нападите нема повредени. Израелската војска одби да коментира во однос на нападите, јавува АП. Ова...

ЕУ ги предупреди Маск и Закерберг заради дезинформации на социјалните мрежи околу конфликтот меѓу Израел и Хамас

Европската Унија издаде предупредување до Илон Маск за наводни дезинформации околу нападот на Хамас врз Израел, вклучувајќи и лажни вести и „пренаменети стари слики“ на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер. Писмото со предупредување пристигнува помалку од два месеца откако стапија на сила новите закони со кои се регулира содржината на социјалните мрежи во земјите на ЕУ според Законот...

Египет го предупредил Израел за нападот на Хамас три дена претходно, потврдува американски политичар

Директорот на Американскиот конгресен комитет за надворешни работи Мајкл Мекол потврди дека Израел добил предупредување од Египет за нападот на Хамас три дена пред истиот да се случи, известува Гардијан. „Не сакам да навлегувам премногу во класифицирани детали, но беше пренесено предупредување“, изјави Мекол. Тој рече дека нападот можеби бил планиран уште пред една година. „Не сме сосема сигурни како го пропуштивме....

Османи: Од Израел се вратени 60 македонски државјани, брачна двојка е заглавена во Газа

Од ноќеска почнало враќањето на сите 150 наши државјани од Израел кои се пријавиле за евакуација во Македонија. Има и такви кои се чувствуваат безбедно или се во брачна врска и сакаат да останат во Израел, го пренесуваат медиумите дел од денешниот брифинг со новинари на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Министерот меѓудругото кажал дека утре ќе се вратат...

Бајден: Нападот на Хамас е најсмртоносен напад врз Евреите по Холокаустот

Повеќето од 2,3 милиони луѓе кои живеат во појасот Газа немаат струја и вода, а по стотиците израелски напади во саботата, тие немаат ниту каде да бегаат, пишува Ројтерс. Палестинската територија е под опсада од саботата, со речиси постојано бомбардирање за кое здравствените власти во Газа изјавија дека се убиени повеќе од 1.000 луѓе. Овие напади се одмазда за разорниот...

Зеленски во ненајавена посета во седиштето на НАТО Алијансата во Брисел

Во време кога НАТО сојузниците се под сѐ поголем притисок да испратат оружје за да ја зајакнат борбата на Израел со терористичката организација Хаманс, претседателот на Украина Володимир Зеленски, за прв пат се приклучи на состанокот на повеќе од 50 министри за одбрана од целиот свет, при што аплираше за поголема воена помош за Украина, објави Асошиејтед прес.   Неговото...

МВР со дисциплинска одговорност за вработениот кој дава поддршка на Хамас

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека против неговиот вработен А.С. ќе биде поведена дисциплинска постапка, односно ќе следуваат соодветни санкции поради неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел. Претходно, поранешниот технички министер за внатрешни работи и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев објави дека висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна...

Бугарскиот премиер: Нема сомнеж дека конфликтот во Израел е поврзан со војната во Украина

Бугарскиот премиер Николај Денков денеска изјави дека има акција од Русија за дестабилизација на светот, додека ризикот за ескалација на воената напнатост е многу сериозен, пренесува mediapool.bg.  „Нема никаков сомнеж дека конфликтот во Израел е поврзан со Украина, со тоа, што гледаме сериозни државни удари во Африка. Тоа е начин за да се извлече од фокусот на светот нападот на...

ЕК ја стопира помошта за Палестина

Европската комисија (ЕК), вчеравечер порача дека почнува итно ревидирање на помошта што ЕУ ја дава на Палестина, по нападите на Хамас врз Израел во саботата. Објавата беше проследена со остра и едногласна осуда „на терористичките напади на Хамас врз Израел во текот на викендот“. „Покрај постоечките безбедносни контролни механизми, целта на оваа ревизија е да се биде сигурен дека ниту...

Израел кажа дека „ја затнал“ границата со Газа, воздушните напади продолжуваат

Израел посочи дека целосно ја обезбедува границата со Газа, откако милитанти од палестинското движење Хамас, кое ја почна најновата војна со Израел во саботата, истиот ден ја пробија граничната бариера на повеќе места, известува Би-би-си. Денеска се очекува голем копнен напад на израелските сили во Газа. Според истиот извор, во текот на изминатото деноноќие немало нови прекугранични упади. Нападите на израелските...

МНР: Уште 10 македонски државјани го напуштија Израел, евакуација бараат 100 други

Уште 10 македонски државјани преку различни транспортни канали го напуштија Израел, со што вкупната бројка за изминативе два дена надмина 30 наши државјани што го напуштија Израел, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Тие појаснуваат дека четворица државјани заминале со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул. „Амбасадата на Северна Македонија во Тел...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...