fbpx

Египет го предупредил Израел за нападот на Хамас три дена претходно, потврдува американски политичар

Информацијата која се ширеше и по египетските медиуми сега е потврдена и од директорот на Американскиот конгресен комитет за надворешни работи

-

Директорот на Американскиот конгресен комитет за надворешни работи Мајкл Мекол потврди дека Израел добил предупредување од Египет за нападот на Хамас три дена пред истиот да се случи, известува Гардијан.

„Не сакам да навлегувам премногу во класифицирани детали, но беше пренесено предупредување“, изјави Мекол.

Тој рече дека нападот можеби бил планиран уште пред една година.

„Не сме сосема сигурни како го пропуштивме. Не сме сосема сигурни како Израел го пропушти тоа“, дополнил Мекол.

Ова потврдување од американски извор доаѓа неколку дена по проширувањето на истата информација од страна на египетски функционери во безбедноста. Тој сметал дека Израел премногу бил фокусиран на Западниот брег и ја потценил Газа како опасност.

Каиро сè уште нема официјален коментар за валидноста на оваа информација.

Израелската власт вели дека нападот на Хамас резултирал со 1.200 загинати и над 2.700 повредени. Според Обединетите нации, израелските напади во Газа резултирале со преку 1.100 загинати, над 5.300 повредени, како и 260.000 луѓе кои ги напуштиле своите домови како последица на бомбардирањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...