Илон Маск се стримаше играјќи „Диабло 4“, следи и промоција на втората сезона на „Диабло 4“

Додека Илон Маск преку промоција на стриминг сервисот на неговата платформа X привлече преку 900.000 гледачи, во исто време на Твич играта „Диабло 4“ имаше само околу 500 гледачи, бидејќи популарноста на играта е опадната

The Lords Of The Fallen Скриншот од Youtube
The Lords Of The Fallen Скриншот од Youtube

Илон Маск се покажа како најголем промотор на играта „Диабло 4“. Неговите стримовите додека гејма со играта „Диабло 4“ привлекоа огромно внимание, особено поради тоа што прикажа вешто играње на играта и одговараше на рандом гледачи на неговиот чат за време на стримањето.

Додека Илон Маск преку промоција на стриминг сервисот на неговата платформа X привлече преку 900.000 гледачи, во исто време на Твич играта „Диабло 4“ имаше само околу 500 гледачи, бидејќи популарноста на играта е опадната. Јутјуберите почнаа да коментираат како Маск премногу ги фали Близард и како се создава вештачки “камбек” на „Диабло 4“. 

Инаку, најавена е втора сезона со вампирска тематика на оваа игра, во која во презентацијата на Близард беа прикажани нови чудовишта како “крвави рескинови” на веќепостоечките чудовишта со истите модели за непријатели. Информативниот стрим на девелоперите на „Диабло 4“ и што може да се очекува во втората сезона што ќе почне на 17 октомври може да се прегледа на следниов линк:

„Диабло 4“ доби и страница на Steam каде исто така ќе се продава наскоро, при што планирано е да излезе на таа платформа на 17 октомври 2023 година.  

Исто така, долгоочекуваната игра „Lords of The Fallen“ за која имавме повеќе написи на Мета.мк ќе излезе на 13 октомври, но веќе може и пред тоа да се направи Pre-purchase на Стим. Напоменуваме дека во трејлерите се користи одлична метал музика од Дензиг и Ајрон Мејден. За играта јутјуберот Asmongold направи стрим од играње на првите нивоа, што може да го изгледате на овој линк. Најновиот трејлер за играта може да го погледнете на следниов линк:

Но, и покрај тоа што оваа игра е добра, би ви препорачале да штедите за купувањето на една друга игра. Имено, експанзијата на „Елден Ринг“ би требало наскоро да се појави на пазарот, која ќе биде со големина на уште една игра како основната. Моментално основната верзија на „Елден Ринг“ е на попуст од 40 отсто на Steam до 19 октомври и чини 40 евра.

Исто така, препораката е да не ја купувате де-лукс верзијата. Таа содржи само дополнителни Артворк и Музиката-саундтрак од играта, како и еден плус гест за ликот што може да се земе и со играње и нема никакви корисни додатоци за играта. Таа игра ќе биде загарантиран хит. Како и „Lords of The Fallen“ ветува многу со максимално поддржување на жанрот, но сепак нема да може да ја надмине „Елден Ринг“.