fbpx

Нетанјаху: Израел ќе ги разбие „крвожедните чудовишта“ на Хамас

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го „растури“ Хамас, од,како што рече, „крвожедните чудовишта“. Тој зборуваше на вонредната владина седница која започна со молк за 1.300 израелски жртви кои беа убиени од милитантната група Хамас на 7 октомври

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат денеска свика вонредна владина седница во Тел Авив, велејќи дека националното единство покажано во последните денови испратило порака дома и во странство, пренесе Гардијан.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го „растури“ Хамас, од како што рече „крвожедните чудовишта“. Говорејќи на седницата, која започна со молк за 1.300 израелски жртви кои беа убиени од милитантната група Хамас на 7 октомври, тој рече:

„Работиме деноноќно, како тим и обединет фронт. Единството меѓу нас дава јасна порака до нацијата, непријателот и до светот. Ги видов нашите неверојатни војници кои сега се на фронтот. Тие знаат дека цела нација стои зад нив. Тие го разбираат опсегот на мисијата. Тие се подготвени да преземат акција во секое време за да ги победат крвожедните чудовишта кои се кренаа против нас да не уништат. Хамас мислеше дека ќе се распаднеме – но, ние ќе го разбиеме Хамас“, рече тој.

Израелските одбранбени сили потврдија дека најмалку 126 лица се држат како заложници на Хамас во Газа. Во одмаздничките воздушни напади на Израел врз Појасот Газа досега загинаа повеќе од 2.300 Палестинци, со израелска воена наредба за евакуација на луѓето од северот на Газа на југ, потег кој беше категоризиран од Обединетите Нации како „злосторство против човештвото“.
Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа останува затворен, а хуманитарната помош чека да им биде доставена на Палестинците.

Лидерот на американскиот Сенат Чак Шумер моментално е во Тел Авив со други сенатори за да вети поддршка на Израел.

„Ова се две неопходни задачи – елиминирање на заканата од Хамас еднаш засекогаш и ослободување на заложниците“, рече Шумер на прес-конференција, додавајќи дека планира да разговара со претседателот Џо Бајден следната недела за да ја нагласи потребата за поддршка на семејствата на заложниците на Хамас.

„Им рекол на израелските лидери дека „тоа е навистина важно и тешко. Знаеме дека е тешко, но сепак треба да ги минимизираме цивилните жртви во Газа“, рече Шумер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.