fbpx

Скопјанец осомничен дека ја претепал бремената сопруга

При прегледот во болница било констатирано дека плодот починал. Јавниот обвинител наредил судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – тешка телесна повреда.

Според обвинителството, осомничениот вчера ја претепал неговата сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.

Додека заедно со жртвата и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот прво почнал да се расправа, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачкото седиште.

Жената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но насилникит тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. При прегледот во болница било констатирано дека плодот починал.

„Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото. До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото“, велат од обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...