fbpx

Путин: Украинската офанзива целосно пропадна

Што се однесува до контраофанзивата... таа целосно пропадна. Знаеме дека во некои борбени операции спротивната страна сè уште подготвува активни офанзивни операции. Го гледаме тоа, знаеме за тоа и соодветно реагираме, рече Путин во интервју за телевизискиот канал Русија-1

-

Руската армија ги подобрува своите позиции на фронтот во Украина, вклучително и околу источниот град Авдијевка, кој беше цел на неколкудневни опсежни напади, рече претседателот Владимир Путин, и додаде дека украинската контраофанзива „целосно пропаднала“.

„Нашите војници ги подобруваат своите позиции во целата таа прилично голема област“, ​​рече Путин во интервју за телевизискиот канал Русија-1, чии извадоци денеска на Телеграм ги објави Павел Зарубин, новинарот кој го интервјуирал.

„Тоа се однесува на зоните Купјанск, Запорожје и Авдијевка“, додаде Путин.

Неговите изјави за ситуацијата околу Авдијевка доаѓаат во време кога руската армија објави дека постигнала напредок во тој сектор и дека е решена да го опколи градот, кој се наоѓа на помалку од 15 километри северно од Доњецк, главниот град на регионот со исто име, кој е под руска контрола.

Путин пред една година најави анексија на таа област.

Руските напади на Авдијевка се изведуваат по четиримесечна украинска контраофанзива во која Киев успеа да врати само неколку села.

„Што се однесува до контраофанзивата… таа целосно пропадна“. Знаеме дека во некои борбени операции спротивната страна сè уште подготвува активни офанзивни операции. Го гледаме тоа, знаеме за тоа и соодветно реагираме“, рече Путин.

Рускиот претседател неделава ќе се сретне со претседателот Кси Џинпинг во Кина, во обид да го продлабочи партнерството создадено меѓу двата најголеми стратешки конкуренти на САД. Путин ќе присуствува на форум во Пекинг од 17 до 18 октомври, што е негово прво патување надвор од Русија откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг во март издаде налог за негово апсење поради депортација на деца од Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...