fbpx

Руралните жени се далеку од рамноправност и од социјална интеграција

На Меѓународниот ден на руралните жени, Пендаровски рече дека клучно е надминувањето на стереотипите и на традиционалното вреднување за местото и за улогата на жената во заедницата и во општеството, што е најизразено токму во руралните средини

-

Во Крушево се одбележа Меѓународниот ден на руралната жена – 15 октомври, кој традиционално по 16 пат се организира од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и од Германската развојна соработка спроведена од GIZ.

На настанот се анализираа начините како да се поттикнат жените да имаат клучна улога во обезбедувањето на храната преку одржливост на руралните домаќинства и земјоделски стопанства, но и како да се подобри социјалната и економска положба на жените од руралните средини.

На настанот, пред 200 членки се обрати и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека, за жал, мораме да признаеме дека во реалноста сè уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена на било кое ниво во државата. Тој рече дека претстои голема работа за да се овозможи економска самостојност и социјална интеграција на руралната жена.

Фото: Кабинет на претседател на РСМ

„Гласот на руралната жена, нејзините потреби и проблемите со кои се соочува, треба да бидат чуени, но, и решени. Поддршката на оваа категорија жени не смее да биде декларативна и наменска, како што најчесто е, и не само на меѓународниот ден, туку суштинска и секојдневна. Затоа е потребен ангажман на сите засегнати страни и функционално партнерство меѓу државните институции и граѓанските организации заради вклучување на руралните жени во процесот на одлучување на сите нивоа, со што и самите ќе станат креатори на политиките и иницијативите за подобрување на нивната положба. Едноставно, со други зборови кажано, тие самите треба да одлучуваат за себе и за својата улога во општеството“, рече Пендаровски.

Според него, клучно е надминувањето на стереотипите и на традиционалното вреднување за местото и за улогата на жената во заедницата и во општеството, што е најизразено токму во руралните средини. Во овој контекст, како особено релевантни тој ги наведе темите за обезбедување на платено породилно отсуство и здравствено осигурување на жените земјоделки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...