fbpx

Бесплатен авионски превоз за евакуација на македонските државјани од Израел, на релација Тел Авив – Скопје

Во услови на целосно откажани летови и блокиран авиотранспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош

-

Oрганизиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во земјава, соопшти Владата.

Оттаму додаваат дека во услови на целосно откажани летови и блокиран авиотранспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош. Авионскиот превоз кој ќе биде организиран во текот на утрешниот ден, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, и ќе биде покриен од резервите на Буџетот.

Министерството за надворешни работи преку Дипломатско-конзуларното претставништво – Тел Авив обезбедило список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во земјава.

„Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика“, соопштуваат од Владата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово соопшти дека од ноќеска почнало враќањето на сите 150 наши државјани од Израел кои се пријавиле за евакуација во Македонија. Од нив, 60 се веќе вратени, а утре би останатите 90 сограѓани затечени во Израел.

Османи соопшти и дека има брачен пар кој е заглавен во Газа. Единствениот излез им бил преку Египет, но токму кога стигнале до граничниот премин, се затворила границата.

Османи: Од Израел се вратени 60 македонски државјани, брачна двојка е заглавена во Газа

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...