fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Не е вистина дека Русија не бомбардирала населени центри

Објавата што ја анализираме тврди дека Русија не бомбардирала населени места. Факт е дека Русија во неколку наврати има гаѓано населени места при што загинале стотици цивили меѓу кои жени и деца, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук која ја оправдува Руската инвазија на Украина, лажно тврдејќи дека Русија никогаш не бомбардирала...

На видео на социјалните мрежи не се претставени Египќани кои на грб им носат храна и вода на Палестинците во Газа

Станува збор за старо видео кое не е од актуелната ситуација меѓу Хамас и Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека видеото е постаро и не го отсликува хуманитарниот одговор на блокадата од Израел од октомври 2023 година. Ова видео првпат е објавено на социјалната мрежа Тик Ток на 31 август 2023 година, а оригиналниот наслов, како и споредбата...

Салман Ружди со порака: Живееме во тешко време за демократијата

Светот не е добар денес, но јас сум оптимист од причина која не можам да ја објаснам, изјави на Франкфуртскиот саем на книгата познатиот писател Салман Ружди, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Британско-индискиот писател денеска на затворањето на Франкуртскиот саем на книгата ќе ја добие Наградата за мир на германските книжарници. Ружди со децении го прогонуваат радикалните исламисти, а минатата година...

Медицинска помош пристигна во Газа преку преминот Рафах

Граничниот премин Рафах денеска беше отворен за конвоите со хуманитарна помош на Црвената полумесечина кои од Египет отидоа во Газа. По две недели откако беше затворен, граничниот премин го поминаа дваесет камиони со медицински материјали, лекови и мало количество храна. Ова се први испораки на хуманитарна помош преку Рафах откако започнаа немирите меѓу Израел и Хамас, кои предизвика хуманитарна...

Видеото со заглавен конвој на граничниот премин Рафах, е од мај 2021 година

Видеоматеријалот споделен во оваа објава на Фејсбук, не е од 2023 година, туку е стар повеќе од две години. Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој хуманитарна помош е од мај 2021 година, а не од 2023 година, пишува Вистиномер во својата анализа.   Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук од 16 октомври во која се...

Хамас ги ослободи првите заложници, мајка и ќерка од САД

Хамас ослободи две американски заложнички кои беа киднапирани за време на нападот на палестинската група врз Израел. Израел потврди дека ги дочекале американските државјанки Џудит и Натали Ранан на границата со Газа. Според Хамас, мајката и ќерката биле ослободени од хуманитарни причини. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е пресреќен поради ослободувањето и потврди дека разговарал со жените по телефон....

Медиумите би објавиле сè за да добијат клик повеќе, вели Ризаов кој алармира на претпазливост за лажни вести

„Осум милијарди долари американска воена помош за Израел“, „Војната Израел-Хамас се шири на интернет“, „Заробен израелски генерал“, „Украина му обезбедува оружје на Хамас“. Овие наслови споделени на социјалните мрежи и медиумите се лажни вести. Ваквиот наплив на ширење дезинформации доаѓа во време на израелско-палестинскиот конфликт кои создаваат конфузии кај читателите и креираат лажна перцепција за одредени појави. „Од почетокот на конфликтот...

Американско разузнавање: Во нападот на болницата во Газа загинале помеѓу 100 и 300 лица

Американската разузнавачка заедница проценува дека во нападот во болницата Ал Али-Араб во Газа најверојатно се убиени помеѓу 100 и 300 лица, пренесе Франс24. Овие бројки се далеку пониски од речиси 500-те смртни случаи за кои првично јавија здравствените власти во Хамас. „Сè уште ги проценуваме бројките за веројатните жртви и нашата проценка може да се развива, но оваа бројка на загинати...

Администрацијата на Бајден не дава воена помош за Хамас

САД и администрацијата на Бајден не го финансираат Хамас. САД испраќаат хуманитарна помош за цивилите во Газа, но таа не оди за терористичката организација која има повеќе финансиери, меѓу кои главниот е Иран. САД ја прогласи Хамас за терористичка организација и ги гони своите државјани или постојани жители кои ја финансираат оваа милитантна група, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Провокативниот постер со ирански хиперсонични ракети во Техеран не е нов, туку од јуни

Фотографијата од постер, на кој е претставена иранска хиперсонична ракета, е стара. Иако се тврди дека таа претставува неодамнешна случка во Техеран, главниот град на Иран, фотографијата е, всушност, од јуни оваа година, неколку месеци пред нападот на палестинската група Хамас врз Израел, пишува Вистиномер во својата анализа.   Текстот го пренесуваме во целост:   Фејсбук објава споделува фотографии на кои се гледа постер за...

Бајден побара „витална“ воена помош за Украина и Израел

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека светската историја е на „точка на пресврт“, истакнувајќи ги заложбите за, како што ја нарече, „паметна инвестиција“ од милијарди долари воена помош за Украина и Израел. Во говор во Белата куќа, Бајден рече дека Хамас и Русија сакаат да ја уништат демократијата во соседните земји, пренесува Би-би-си. Американскиот претседател рече дека до Конгресот ќе испрати...

Израел се подготвува за копнена инвазија во Газа, Нетанјаху порача: „Одиме до победа“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им соопшти на војниците собрани на границата со Газа „дека наскоро ќе ја видат палестинската енклава одвнатре“, сугерирајќи дека се приближува очекуваната копнена инвазија со цел да се уништи Хамас, пренесува Ројтерс. Израел вчера ја нападна Газа со нови воздушни напади, како одговор на нападот од 7 октомври, кога вооружени лица на Хамас убија...

Хуманитарна помош преку Египет ќе влезе во Газа, Израел не престанува со нападите

По вчерашната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Израел, Египет се согласи да го отвори граничниот премин Рафах за влез на хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Бајден во разговорот со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси договориле до 20 камиони со хуманитарна помош да влезат во Газа, а оваа пратка би се испорачала најверојатно до...

Шолц вети германска помош во египетските напори кон ослободување на заложниците на Хамас

Германскиот канцелар Олаф Шолц му ја вети германската помош на египетскиот лидер Абдел Фатах ал-Сиси во напорите да се обезбеди ослободување на израелските граѓани кои се заложници на исламистичката милитантна група Хамас, пренесува германската агенција ДПА. „Вложуваме максимални напори да го обезбедиме нивното ослободување“, рече Шолц на прес-конференција со Фатах ал-Сиси вчера во Каиро. Шолц рече дека „трогателните разговори“ со роднините...

Практикувањето на христијанството во Израел е слободно

Во објавата се пропушта контекстот, бидејќи не се наведува дека овој предлог-закон не е усвоен и не претставува правен акт во државата Израел. Поради пропуштањето да се наведат овие информации се креира комплетно поинаква слика дека сите кои тврдат оти Исус Христос е Бог ќе одат три години во затвор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Во Израел се таложи гневот против премиерот Нетанјаху – се ближи ли крајот на неговото владеење?

На еден израелски министер не му било дозволено да влезе во болница на влезот за посетители. Телохранителот на друг министер бил плиснат со кафе од страна на еден ожалостен маж. Трет министер, односно министерка, била нарекувана „предавничка“ и „имбецил“ кога пристигнала да ги теши семејствата евакуирани од ужасот, пишува новинската агенција „Ројтерс“. Шокот од масакрите извршени од Хамас на 7...

Мишел за масакрот во болницата во Газа: Нападите на цивилна инфраструктура се косат со меѓународното право

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет по експлозијата во болницата во Газа во која загинаа најмалку 500 луѓе порача дека нападите на цивилна инфраструктура се против меѓународното право. Израел беше обвинет од голем број фактори од меѓународното заедница за експлозијата во болницата, но премиерот Нетанјаху и израелската армија вчерашниот масакр го припишаа на Хамас, велејќи дека станува збор за погрешно...

Манипулација: НАТО не евакуира цивили од Израел

НАТО не е поврзан со цивилната евакуација на граѓаните на земјите членки, вклучително и со граѓаните на С. Македонија, туку тоа е обврска која ја зедоа владите на секоја држава посебно. Летот на „Ер Србија“, со кој беа евакуирани македонските државјани од Израел, беше платен од буџетот на С. Македонија, а за безбедното враќање во земјава беа инволвирани повеќе...

Меѓународната заедница го осуди нападот врз болницата во Газа

Смртоносниот напад врз болницата Ал-Ахли во Газа во кој загинаа најмалку 500 лица, според кажувањата на властите во Газа блиски до Хамас, доведе до реакции од меѓународната заедница. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонскиот разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас искажа најдлабоко сочуство за жителите кои ги изгубија животите во нападот врз болницата во Газа, пишува Би-би-си. Претседателката на...

Бербок во Израел: Неопходно е да се направи сè за да нема општ пожар во регионот

На луѓето во Газа итно им е потребна хуманитарна помош и тоа не е прашање на денови, туку на часови, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок која во Молдавија учествува на конференција за поддршка на земјата што се граничи со Украина, јавува германската агенција ДПА. „Ситуацијата во Газа е многу драматична“, додаде министерката, велејќи дека хуманитарната помош не...