fbpx

Салман Ружди со порака: Живееме во тешко време за демократијата

Ружди оцени дека денес светот претставува „ризично време за демократијата“. Не се наоѓаат само во САД партии кои го напуштаат демократскиот пат и развиваат култ на личноста

-

Светот не е добар денес, но јас сум оптимист од причина која не можам да ја објаснам, изјави на Франкфуртскиот саем на книгата познатиот писател Салман Ружди, пренесува германската новинска агенција ДПА. 

Британско-индискиот писател денеска на затворањето на Франкуртскиот саем на книгата ќе ја добие Наградата за мир на германските книжарници.

Ружди со децении го прогонуваат радикалните исламисти, а минатата година за малку преживеа атентат.

Случувањата во Израел ме исполнуваат со ужас, рече Ружди.

„Ужаснат сум од нападите на Хамас и претчувствувам што (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху ќе направи за да возврати“, изјави тој.

Ружди оцени дека денес светот претставува „ризично време за демократијата“. Не се наоѓаат само во САД партии кои го напуштаат демократскиот пат и развиваат култ на личноста.

Надеж дава единствено книжевноста, вели Ружди.

„Пишувањето е оптимистичен чин. Очекувањето е дека некој тоа подоцна ќе го прочита“, изјави Ружди.

Писателот што говореше на Франкфуртскиот саем на книгата беше под силни мерки на безбедност, иако самиот тој многу смирено одговараше на прашања на новинарите.

„Книжевноста го прикажува светот како богато и сложено место, што е спротивно од тесниот и ригиден поглед на светот“, порача Ружди.

Најновата книга на писателот Салман Ружди треба да излезе од печат во април. Тој неодамна го заврши пишувањето на оваа книга, а нејзината тема е обидот за атентат во САД кој беше извршен врз него и поради кој Ружди го изгуби видот на едното око. Писателот Салман Ружди беше избоден со нож за време на одржувањето на трибина во Њујорк на 12 август 2022 година, при што едвај го преживеа нападот.

Овој писател уште од крајот на 1980-тите години е цел на смртни закани од Иран поради неговиот роман „Сатански стихови“. Иранскиот ајатолах Рухолах Хомеини фрли фатва (јавен повик за убиство) врз писателот, а книгата објавена во 1988 година е забранета во Иран и многу муслимани ја сметаат за богохулна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...