недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: пораки | 23 резултати

Состојбите во преработувачката индустрија се поволни, но има недостиг на работници

18 ноември 2019

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во октомври 2019, во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември 2019 година, објави Државниот завод за статистика. Оценката […]

Нова урбана акција на „Зачекори напред!“: Идентитетот и манипулациите со него

26 септември 2018

Во рамките на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“ има нова урбано-уметничка акција во Скопје посветена на идентитетот и манипулациите со него. Акцијата се состои од oколу 20 постери, со различни пораки, поставени во јавниот простор на улица Македонија и скопскиот плоштад. „Идентитетот (lat.: identitas – еднаквост, истост) претставува внатрешна слика која поединецот или […]

ВМРО-ДПМНЕ од МНР бара „поголема сериозност“ во реакцијата на протестите во Грција

22 јануари 2018

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди националистичките испади на вчерашните протести во Грција, но и објавувањето на мапи во грчките медиуми во кои се дели територијата на Македонија, соопштуваат од партијата. Од таму додаваат дека „ваквите испади не придонесуваат за подобрување на меѓусоседските односи и градење на клима на доверба меѓу Македонија и Грција.“ „Палењето на македонското […]

Груевски објави упатство за наследниците: Без навреди и уцени, се бира идниот премиер

14 декември 2017

Никого од кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ не сум овластил да се повикува на моја наводна ексклузивна поддршка, заради собирање потписи за поддршка или гласање, вели Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка. Тој преку неговата официјална „Фејсбук“ страница испрати осум пораки до кандидатите и потенцијалните кандидати на партијата и до делегатите на Конгресот кој […]

Лондон со остри критики до Трамп поради „твитовите“ за терористичкиот напад

17 септември 2017

Високиот британски функционер Демијан Грин денеска го критикуваше претседателот на САД, Доналд Трамп, поради неговите пораки на „Твитер“ во врска со полициската истрага за терористичкиот напад во метро-станицата во Лондон. Грин, кој ја има почесната титула прв државен секретар, за „Скај њуз“ изјавил дека „твитот“ на Трамп за полициската истрага не бил од помош. Тој […]

СДСМ: Пораките од Брисел се јасни, Талат Џафери е избран легитимно

5 мај 2017

„Писмото од новиот собраниски претседател, Талат Џафери, до Ѓорге Иванов е обврска за Иванов да ги стави на страна личните интереси за бегство од правдата на Никола Груевски и да постапи според уставната обврска кон граѓаните на Република Македонија“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека по посетата на […]

СДСМ: ЕПП и Бундестагот јасно кажаа дека мора да се почитува парламентарното мнозинство

30 март 2017

„И Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП), како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и до Иванов да престанат со непресметливото однесување, кое ги загрозува државните и националните интереси на Македонија и интересите […]

Денеска состанок на централното претседателство на ДУИ

3 март 2017

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција за денеска закажало состанок во седиштето на партијата во Мала Речица, јавуваат медиумите. На средбата се очекува да се разговара за пораките што вчера на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му ги пренела високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини. Централното претседателство се […]

Државниот врв и лидерите на партиите упатија честитки по повод Богојавление – Водици

19 јануари 2017

Претседателот на држвата, Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и до православните верници во земјава испратија честитки по повод празникот Богојавление – Водици. „Во духот на овој голем празник, да го поттикнуваме најдоброто […]

Путин: Тешкотиите во 2016 година ја обединија Русија

31 декември 2016

Тешкотиите со кои се соочуваше Русија во 2016 година ја обединија земјата и поттикнаа отворање на нови можности за државата да тргне напред, порача рускиот претседател, Владимир Путин, во традиционалното новогодишно обраќање. – 2016 година беше тешка и полна со предизвици. Најважно е да веруваме во себе и во својата држава. Работиме успешно и остваруваме […]

Обама денеска во посета на Акропол и на културниот центар „Ставрос Ниархос“

16 ноември 2016

Со посета на музејот на Акропол и со говор во културниот центар „Ставрос Ниархос“, продолжува посетата на американскиот претседател Барак Обама на Атина. Обама во моментов е во историска посета на Акропол, а потоа ќе замине во новото архитектонско ремек-дело во градот, центарот „Ставрос Ниархос“, каде ќе одржи говор за неговата визија за иднината на демократијата […]

Јанева и СЈО се повлекоа од камерите, a не ги коментираат ни изјавите на ЕК, Хан и на Кукан

11 ноември 2016

Специјалното јавно обвинителство не ги коментира изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан и наодите од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, во делот за работата на СЈО, како и изјавите на европратеникот Едвард Кукан. Од СЈО во средата побаравме, но не добивме коментар на изјавите и на извештајот, а вчера откако се јавивме во […]

Гарет: И обвинети лица може да се кандидираат во некои земји

8 ноември 2016

Во некои демократии е возможно луѓе кои се предмет на истрага да се кандидираат на избори, вели британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, кој присуствуваше на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ организирана од „Мост“. – Различни земји имаат различни практики во однос на кандидирањето на личности што се обвинети за криминал. Во некои демократии […]

Герила-акции во повеќе градови против функционери на ВМРО-ДПМНЕ

24 октомври 2016

Група граѓански активисти вчера и денеска спроведоа герила-акции низ повеќе градови во Македонија. Акциите беа во Прилеп, Струмица, Велес, Битола, Тетово и во Куманово. Во Битола беше залепена пораката „Поголема провизија за повеќе станови. Ви благодарам битолчани, Владимир Талески“. Велешани револтот од актуелната власт го изразија со зборовите: „Се бориме за уште 10.000 иселени велешани. Поздрав […]

Без поголеми инциденти меѓу демонстрантите и полицијата, заврши протестот пред Владата

14 април 2016

По неколку мали провокации меѓу полицијата и демонстрантите и искршено стакло на редакцијата на неделникот „Република“, заврши протестот на граѓаните пред зградата на Владата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во денешните протести, повредени се петмина полицајци, а еден демонстрант е приведен. Тие со пишани пораки им се обратија на кордонот полицајци кои ја […]

Пораки за мир, благосостојба и за единство во божиќните честитки до граѓаните

6 јануари 2016

Светата црква, посебно на овој ден, нè повикува да покажеме добра волја и да го градиме и да го чуваме мирот со сите народи. Исполнети со божиќната радост, да учествуваме во јакнењето и на духовното и на националното единство меѓу нашиот народ, без разлика каде живееме – во татковината или раселени по светот, стои во […]

Грчкиот претседател со остри пораки до Македонија

15 декември 2015

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, испрати остра порака до Македонија дека мора да се придржува до европските принципи и право доколку сака да стане дел од европското семејство. Од Софија, по средбата со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, на само неколку дена пред пристигнувањето на шефот на македонската дипломатијата, Никола Попоски, во Атина, Павлопулос индиректно остро […]

„Викиликс“ објави мејлови на директорот на ЦИА

22 октомври 2015

„Викиликс“ објави материјали кои содржат приватни пораки од електронската пошта на директорот на ЦИА, Џон Бренан, јавуваат светските медиуми. Хакер, кој е средношколец и кој се противи на американската надворешна политика, ги симнал пораките од мејл-серверот на Бренан. Тој рекол дека се претставил дека работи за американската компанија „Веризон“, една од најголемите американски компании за безжични […]

Пораките на „блекбери“ не можат да се пресретнат

2 февруари 2015

Лидерот на пазарот на безбедни комуникации, компанијата „Блекбери“, ја унапреди заштитата на најпознатата апликација за праќање пораки во реално време. Компанијата „Блекбери“ ја унапреди апликацијата „Би-Би-Ен“ (белкбери месинџер), додавајќи уште едно ниво на шифрирање (енкрипција) податоци при размена пораки со други мобилни платформи. Дополнителната заштита, без разлика дали станува збор за приватен корисник, мало и […]

Страна 1 од 1