Група граѓански активисти вчера и денеска спроведоа герила-акции низ повеќе градови во Македонија.

Акциите беа во Прилеп, Струмица, Велес, Битола, Тетово и во Куманово. Во Битола беше залепена пораката „Поголема провизија за повеќе станови. Ви благодарам битолчани, Владимир Талески“. Велешани револтот од актуелната власт го изразија со зборовите: „Се бориме за уште 10.000 иселени велешани. Поздрав Илија Димовски“. Прилепчани го „поздравија“ поранешниот министер за транспорт и врски, порачувајќи: „Се бориме за Прилеп, да пишти и да вришти. Поздрав Миле Јанкиески“. Во Струмица, пак, беше испишано: „Се бориме за иселување на младите од Струмичко до 2020 – ВМРО-ДПМНЕ“.

Според активистите на „МК-герила“, целта на оваа координирана акција била да се прикаже ставот на граѓаните за вистинските мотиви што стојат зад таканаречената борба за Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.