fbpx

Израел се подготвува за копнена инвазија во Газа, Нетанјаху порача: „Одиме до победа“

Одиме да победиме со полна сила. Целиот народ на Израел е зад вас и ние ќе им нанесеме тешки удари на нашите непријатели за да постигнеме победа. До победа!, пишува Нетанјаху на социјалната мрежа X

-

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им соопшти на војниците собрани на границата со Газа „дека наскоро ќе ја видат палестинската енклава одвнатре“, сугерирајќи дека се приближува очекуваната копнена инвазија со цел да се уништи Хамас, пренесува Ројтерс.

Израел вчера ја нападна Газа со нови воздушни напади, како одговор на нападот од 7 октомври, кога вооружени лица на Хамас убија 1.400 Израелци, од кои најголемиот број беа цивили.

„Сега ја гледате Газа од далечина, наскоро ќе ја видите одвнатре. Командата ќе дојде“, им рекол Галант на војниците.

Набрзо по оваа изјава, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на кое може да се види со војниците во близина на границата, ветувајќи победа.

„Одиме да победиме со полна сила. Целиот народ на Израел е зад вас и ние ќе им нанесеме тешки удари на нашите непријатели за да постигнеме победа. До победа!“, пишува Нетанјаху на социјалната мрежа X.

Израел има стационирано 300.000 војници долж границата со Газа. Неизвесно е кога ќе дојде наредбата за инвазија.

Најавите за претстојната копнена инвазија доаѓаат по посетата на британскиот премиер Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден кои беа во посета на Израел за да ја дадат поддршката на Западот за војната против милитантите на Хамас.

Истовремено, втората по големина болница во Газа ги исклучи светлата во поголемиот дел од објектот, додека персоналот се обидува да заштеди енергија поради недостиг на гориво. Светлата сè уште се вклучени во единицата за интензивна нега на болницата Насер, но во многу други одделенија, лекарите користат мобилни телефони и батериски ламби како осветлување, јавува Асошиејтед Прес.

Европскиот парламент вчера повика на „хуманитарна пауза“ во Газа за да се осигура дека помошта може да стигне до луѓето и истакна дека правото на Израел да се брани може да се направи само во рамките на строгите на меѓународното право. Во необврзувачката резолуција усвоена вчера со 500 гласа „за“ и 21 „против“ и 24 воздржани, европските пратеници исто така повикаа на итно ослободување на сите заложници киднапирани од Хамас.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика Хамас и Израел да се согласат на хуманитарен прекин на огнот и на Палестинците во Газа да им се дозволи пристап до гориво, храна, вода и лекови.

„На цивилите во Газа им требаат основни услуги и залихи и за тоа ни треба брз и непосреден хуманитарен пристап. Сега ни требаат вода, храна и лекови“, рече Антонио Гутереш, кој зборуваше за време на прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во Каиро, каде што шефот на ОН ги надгледува подготовките за испорака на помош во Газа преку египетскиот премин Рафах, кои би требало да почнат во текот на денешниот ден. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...