fbpx

Бербок во Израел: Неопходно е да се направи сè за да нема општ пожар во регионот

Бербок рече дека ужасната криза на Блискиот Исток сега ја користат оние кои се надеваат дека дополнително ќе го дестабилизираат светот. Затоа е важно „да не успее терористичката стратегија на Хамас, како и стратегиите на одредени автократи и диктатори во овој свет кои сакаат само поделба“, заклучи германската министерка

-

На луѓето во Газа итно им е потребна хуманитарна помош и тоа не е прашање на денови, туку на часови, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок која во Молдавија учествува на конференција за поддршка на земјата што се граничи со Украина, јавува германската агенција ДПА.

„Ситуацијата во Газа е многу драматична“, додаде министерката, велејќи дека хуманитарната помош не е клучна само за жителите на Газа, „туку и за нашиот кредибилитет како меѓународен актер“ во регионот на Блискиот Исток.

Германија, повтори таа, безрезервно се солидаризира со Израел. Таа додаде дека е неопходно „да се направи сè за да нема општ пожар во регионот“.

Предизвикот е „меѓусебно да се поврземе во мрежен, глобализиран свет“, рече таа, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин, неговата војна во Украина и руската закана за Молдавија.

Бербок рече дека ужасната криза на Блискиот Исток сега ја користат оние кои се надеваат дека дополнително ќе го дестабилизираат светот.

Затоа е важно „да не успее терористичката стратегија на Хамас, како и стратегиите на одредени автократи и диктатори во овој свет кои сакаат само поделба“, заклучи германската министерка.

Во меѓувреме, германскиот канцелар Олаф Шолц вчера замина за Израел во солидарна посета. Шолц ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претседателот Исак Херцог и семејствата на германските заложници киднапирани од Хамас и одведени во Газа.

Теми на разговор со официјалните лица се состојбите на теренот и начините како да се спречи ширењето на конфликтот во регионот.

Фото: Michael Kappeler/dpa Pool/dpa

„Не случајно Шолц е првиот висок функционер на една земја што дошол во Израел по избувнувањето на конфликтот. Германија, поради убиството на шест милиони Евреи во Холокаустот, има посебна одговорност кон безбедноста на Израел. Во 2008 година, поранешната канцеларка Ангела Меркел ја прогласи безбедноста на Израел за национален интерес на Германија, а Шолц ја следи таа политика. Сега ќе видиме што значи тоа конкретно“, пишува германската новинска агенција ДПА.

„Нападот на Хамас беше неодговорен терористички чин, кој имаше страшни последици, во кој загинаа неверојатен број луѓе. И затоа Израел има целосно право да се брани“, нагласи Шолц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...