fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Идејниот проект во март, се чека на Собранието за потпишување на договорот за „трамвајот на тркала“

Градот Скопје во текот на март очекува да го добие идејниот проект и пропратната документација за првата линија на брзиот автобуски систем (БАС) во Скопје на потегот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Градските власти за „Мета.мк“ велат дека немаат никакви најави за доцнење во изработката на идејниот проект, за кој беше склучен договор за проектирање минатата есен. По изработката...

ЦГК: За новогодишното украсување општините потрошиле за 40 отсто помалку од лани

Градот Скопје и 15 други општини низ земјава за новогодишно украсување за новата 2021 година потрошиле 405 илјади евра, од кои, само за украсувањето на Скопје се потрошени 298 илјади евра. Вкупните средства се за 40 отсто помалку во споредба со една година претходно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Украсувањето на Скопје и на скопските општини вкупно...

МВР санкционира 228 возачи во Скопје, изречени се 13 мерки за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, 23 јануари, во акциските контроли во сообраќајот, само во Град Скопје изрече вкупно 228 мерки. Меѓу нив, за возење без возачка дозвола 25, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки за користење на мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината...

МВР вчера регистрира 331 прекршок за неносење маска, казнети 203 возачи во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 331 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму исто така информираат дека при сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 санкции. Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 19 санкции за...

Се расчистува кејот на Вардар кај новиот пешачки мост кој беше непрооден осум години

Почна да се расчистува кејот на реката Вардар во близина на Македонскиот народен театар и новиот пешачки мост. Досега екипите на Град Скопје подигнале 27 кубни метри градежен материјал, а се најавува дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови. Како што соопштија од Градот, овој дел од кејот речиси осум години не бил прооден за пешаци и за велосипедисти...

МВР вчера регистрира 537 прекршоци за неносење маска, казнети 199 возачи во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму исто така информираат дека при сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 санкции. Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 23 казни за...

Град Скопје додели три милиони денари помош на Петриња и на Загреб

Советот на Град Скопје на денешната итна вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриња и во Загреб, Хрватска, во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица. „Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот...

Скопскиот јавен превоз со преполовен број патници, да се мисли како да се врати довербата по ковид-19 [инфографик]

Ковид-19 пандемијата го преполови бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз. Во периодот јануари-септември 2020 година, со автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници се превезени 16,1 милиони патници, што е за 15.434.000 патници помалку во однос на идентичниот период лани, се вели во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје во периодот јануари-септември 2020 година. Опаѓањето...

Јавен систем за самоизнајмување велосипеди во Скопје и догодина нема да се имплементира

Жителите и посетителите на Скопје и догодина нема да можат да користат јавен систем за самоизнајмување велосипеди. Скопје е еден од ретките европски главни градови во кои нема ваков систем што треба да ја надополни понудата за патување со јавен превоз, кој би им овозможил на граѓаните евтино и едноставно да изнајмат велосипед на една локација и да го...

По ГТЦ, Домот на градежници ќе го добие вториот зелен покрив во Скопје

Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот - покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило...

Град Скопје делумно ги прифаќа предлозите од „На Точак“ за развој на велоинфраструктурата догодина

Буџетот на Град Скопје за 2021 година е во финална фаза на подготовка и градските власти делумно ќе ги прифатат доставените предлози на граѓанската иницијатива „На Точак“ за развој на велосипедската инфраструктура, унапредување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и целосно ослободување на кејот на реката Вардар. „Предлозите на иницијатива „На Точак“ за Буџетот на Град Скопје за 2021 година...

Заштитата на кањонот Матка конечно мрдна од место, Град Скопје предлогот го праќа во Министерството

Градот Скопје ја заврши ревизијата на Студијата за ревалоризација на локалитетот Матка, а препрогласувањето на кањонот како споменик на природата конечно може да мрдне од мртва точка. Документот денеска е пред Советот на Скопје, а советниците се очекува да донесат одлука предлогот за прогласување на заштита на кањонот да се достави до Министерството за животна средина, кое, пак, треба...

МВР вчера регистрира 548 прекршоци за неносење маска, казнети 314 возачи во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 548 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Мета.мк“ претходно извести дека минатиот месец изречени над 18.500 казни за неносење заштитна маска на лицето, додека пак во текот на октомври регистрирани се близу 24 илјади прекршоци по овој основ. Од Министерството...

Скопските градоначалници заедно ќе делуваат против нередот и загадувањето

Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на сите 10 скопски општини денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата. „Од денеска, инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари од Град Скопје, заедно со инспекторите и редарите од сите скопски општини од денеска се еден заеднички тим. Тимот го формираме заради заштита на животната...

За повеќе велосипеди на улиците, догодина мора да се развива велосипедската мрежа, безбедноста и кејот на Вардар

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ сметаат дека 2021 година треба да биде ударна година за велосипедскиот сообраќај во Скопје, во која ќе се вложи во велосипедските патеки и ленти, односно во развој на велосипедската мрежа, а ќе се работи и на унапредување на безбедноста во сообраќајот за велосипедистите и на целосно ослободување на кејот на реката Вардар. Кон крајот на...

Вработени од ЈП „Лајка“ ќе проверуваат дали вдомувачите соодветно ги чуваат кучињата

Се подготвуваат првите групи на кучиња во одделот за вдомување, кој ќе биде отворен наскоро за граѓаните. Исто така, наскоро ќе биде активна и веб страната на која на граѓаните ќе им бидат достапни сите информации поврзани со прифатилиштето на ЈП „Лајка“, можностите за вдомување, волонтирање и отворените денови за граѓаните, изјавија за „Мета.мк“ од ова јавно претпријатие. „Секој граѓанин...

Во 10 средни училишта ќе се одржат бесплатни онлајн курсеви за албански, македонски и турски јазик

Град Скопје ја започна реализацијата на бесплатните тримесечни онлајн курсеви за изучување на албанскиот, македонскиот и турскиот јазик, кои беа прекинати во март минатата учебна година поради пандемијата со ковид-19, соопштија од Град Скопје. Оттаму информираат дека во оваа активност ќе бидат опфатени 257 ученици кои ќе следат курс за изучување на македонскиот јазик, 102 ученици и 56 наставници кои...

Обезбедени средства за реконструкција на Универзална сала во постојниот облик и габарит

Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2020 година од страна на парламентарното мнозинство на предлог на Владата, за реконструкција на Универзална сала се предвидоа 120 милиони денари буџетски средства. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти плановите на Град Скопје за реконструкција на објектот на Универзалната сала. - Со обезбедувањето на буџетските средства конечно се создадени услови за...

МВР: Казни за 837 лица за неносење маска, санкционирани 284 возачи во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, 31.10/01.11.2020 година, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 837 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. МВР, исто така, информира дека во текот на вчерашниот ден,...

Шилегов: Универзална сала нема да се руши, ќе се реконструира

Универзална сала нема да се руши, туку таа ќе се реконструира, а нова концертна сала ќе се гради на друга локација. Ова го изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на седницата на Советот на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи. „Постојниот објект ќе се реконструира, во сегашниот облик и...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...