fbpx

Обезбедени средства за реконструкција на Универзална сала во постојниот облик и габарит

-

Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2020 година од страна на парламентарното мнозинство на предлог на Владата, за реконструкција на Универзална сала се предвидоа 120 милиони денари буџетски средства. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти плановите на Град Скопје за реконструкција на објектот на Универзалната сала.

– Со обезбедувањето на буџетските средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на објектот на Универзалната сала, во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје – рече денеска Шилегов.

Тој објасни дека Градот Скопје на овој чекор се одлучи по широката поддршка од јавноста за идејата Универзална сала да се сочува во постојната форма, на постојната локација, што не значи дека Градот се откажува од идејата за нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, на друга соодветна локација, согласно со потребните стандарди за непречена организација на големи културни и друг вид настани.

„Реконструкцијата на Универзална сала по проект којшто ќе ја задржи постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект. Со оваа реконструкција ја исполнуваме и спроведуваме на дело волјата на граѓаните во однос на Универзалната сала“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека со оваа реконструкција нема да се задоволат среднорочните и долгорочните потреби за културата во градот и појасни дека изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно сообраќајно решение за пристап до салата е нешто што мора да му се случи на Скопје час поскоро.

„Убеден сум дека наскоро и за тоа ќе успееме да обезбедиме средства и дека изградбата на ваква нова сала, по реконструкцијата на Универзална, ќе биде наш влог во проектот Европска престолнина на културата во 2028“ нагласи Шилегов.

На денешниот настан во Универзалната сала присуствуваа и се обратија Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и Ирена Стефоска, министерка за култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Сопствениците на кучиња и мачки ќе бидат должни да ги стерилизираат своите миленици, освен во случај ако се регистрирани како одгледувачи или одгледувачници. Регистрираните одгледувачи и одгледувачници ќе бидат...