fbpx

Шилегов: Универзална сала нема да се руши, ќе се реконструира

-

Универзална сала нема да се руши, туку таа ќе се реконструира, а нова концертна сала ќе се гради на друга локација. Ова го изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на седницата на Советот на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи.

„Постојниот објект ќе се реконструира, во сегашниот облик и големина, а средствата треба да се добијат од претстојниот ребаланс на Буџетот на Северна Македонија, коj се очекува да биде изгласан деновиве. Имајќи предвид дека стручната фела се изјасни дека на локацијата на Универзалната сала не е возможно да се изгради објект со поголеми димензии, мојата желба беше да се реконструира Универзална во постојниот габарит, а да изградиме нова концертна сала на друга локација“, рече Шилегов.

Тој додаде дека Владата и Министерството за култура се согласиле да се издвојат средства со ребалансот на Буџетот, во износ од 2 милиона евра, кои ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје. Во меѓувреме, ќе се вршат проценки и пресметки за веднаш штом ќе се добијат средствата, да може да се започне со постапките за јавни набавки и што е можно побргу да започне реконструкцијата на Универзална сала.

„Се надевам дека сите постапки ќе се одвиваат брзо, за на почетокот на следната концертна сезона, после 6 години неработење, Универзалната сала повторно да биде отворена“, изјави Шилегов. Тој додаде дека активностите нема да застанат тука и дека се одржани повеќе средби со министерката за култура околу плановите за изградба на нова, поголема концертна сала која би ги задоволила потребите на градот.

Во врска со ефектите од проектот „Култура во време на корона“, Шилегов одговори дека Градот Скопје беше прва локална самоуправа во Европа која реализираше ваков проект со кој, од една страна финансиски се поддржаа културните работници кои останаа без работен однос, а од друга страна им се пружи забава на граѓаните во време на спроведувањето на мерките за забрана за движење. Преку „Култура за време на корона“ се организираа над 50 настапи со повеќе од 200 изведувачи во осум различни општини во Скопје, кои се следеа на отворено и преку социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...