fbpx

МВР санкционира 228 возачи во Скопје, изречени се 13 мерки за возење под дејство на алкохол

-

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, 23 јануари, во акциските контроли во сообраќајот, само во Град Скопје изрече вкупно 228 мерки. Меѓу нив, за возење без возачка дозвола 25, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки за користење на мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила, соопштија од МВР.

Само во Општина Центар изречени се вкупно 88 мерки, од кои за возење без возачка дозвола 14, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 санкции за користење мобилен телефон, 10 мерки за управување на возило под дејство на алкохол и 6 за недозволено паркирање.

МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемена безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...