fbpx
Таг: безбедност

таг: безбедност

Бојана Зориќ: Медиумската писменост и младинскиот развој се суштински во справувањето со странското мешање и безбедносните предизвици

Безбедносните проблеми на Западен Балкан сега исто така се поврзани и со дезинформациите и лажните вести кои имаат тенденција да го дестабилизираат регионот и може да го попречат остварувањето на најважните стратешки цели на Западен Балкан. За оваа и за други теми Порталб.мк разговараше со Бојана Зориќ, експерт за безбедносни прашања во Западен Балкан. Таа нагласува дека безбедносните предизвици...

Тренчевска: Децата ни се безбедни, да не се создава паника

Децата се безбедени, не треба да се создава паника. Убиството на Вања Ѓорчевска е изолиран случај, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во врска со двете убиства за кои во притвор се четири лица, а еден е во бегство. Тренчевска вели дека не треба да се создава паника кај граѓаните дека „децата не ни се безбедни“, со...

Спасовски пред самитот на ОБСЕ: МВР е подготвено, ова е сериозен предизвик за службата и за државата

Службите ги преземаат сите потребни мерки и активности, дел од делегациите се пристигнати а состојбата е редовна. Ваква информација добил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, Александар Нацевски, кој е носител на активноста поврзана со организирање и координирање на мерките и активностите за безбедно одржување на Министерскиот совет...

Нема индиции за загрозување на безбедноста на државата, оценка на Советот за безбедност

Безбедноста на државата е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување, беше заклучокот од денешната седница на членовите на Советот за безбедност. На седницата, како што информират од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, се разговарало за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион. „Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа...

Контраспин: Криминалните пресметки траат многу повеќе од седум години

Пресметките барем помеѓу главните мафијашки групи во Скопје датираат уште од  крајот на деведесетите години, така што тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека траат седум години, т.е. од 2017 година, е спин. Тоа не го ослободува од обврска сегашното раководство на безбедносните структури да расчисти со мафијата колку што може поефикасно, пишува Вистиномер.    Текстот го пренесуваме во целост:   Тврдење на ВМРО-ДПМНЕ во кое има...

Дебармаалци со петиција бараат полициски патроли кај ОУ „Коле Неделковски“ за да си ги заштитат децата

На петицијата која ја покренаа родители чии деца учат во училиштето „Коле Неделковски“ во Центар, а кои алармираат за сериозни инциденти во паркот близу училиштето, се потпиша и градоначалникот Горан Герасимовски, како родител на дете во истото училиште. Во петицијата се бара редовно полициско патролирање во паркот „Дрвен“, но и на други локации во општината каде што се собираат младите,...

Пендаровски на Генералното собрание на ОН: Војната во Украина е најеклатантен, но не и единствен пример за заканите по безбедноста

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации. Тој во говорот првично се осврна на агресијата на Руската Федерација врз Украина, за која рече дека продолжува со несмалена жестокост, што е флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и на принципите на меѓународното право, во континуитет. „Станува збор за најголемата безбедносна...

Чаeви за слабеење, тревки и капки против стерилитет и висок притисок – колку се безбедни додатоците во исхраната?

Чаеви за инстант слабеење, производи од тревки што лечат стерилитет и ХПВ вируси, капки што лечат висок притисок, различни додатоци кои служат за лечење хемороиди, простата се само дел од додатоците во исхрана, кои секојдневно се нудат на продажба на социјалните мрежи. Тие содржат здравствени тврдења, за кои не се знае дали и колку се точни. Ако нарачате некој...

МОН и УНИЦЕФ ќе спроведуваат акции против врсничкото насилство

Министерството за образование и наука (МОН) и Фондот на организацијата на обединетите нации за децата (УНИЦЕФ) ќе работат заедно за подобрување на безбедноста во училиштата и намалување на врсничкото насилство. На денешната работна средба на која присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и претставници од Бирото за развој на образованието,...

Спасовски за 7 Мај: Полицијата стана пријател на граѓаните и партнер за соработка на меѓународен план

Во присуство на претставници на Владата, Собранието, раководството на Интерпол, министри за внатрешни работи и директори на полиции од регионот, дипломатскиот кор, претставници на локалната самоуправа и верските заедници, раководството на Министерството за внатрешни работи и бројни пријатели и гости на сцената на Долни Сарај во Охрид денеска се одржа централната прослава на одбележување на 7 Мај – Денот...

Од утре патроли околу српските училишта, трговски центри, паркови и на плоштадите

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште во Србија, изјавил Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР за српските медиуми, по двата масакра во Србија во кои беа убиени 17 луѓе, од кои поголем број деца и млади. Тој, во согласност со мерките на Владата, ги повикал и сите лица кои поседуваат непријавено оружје, да го предадат...

Со оддавање почит пред споменикот на загинатите припадници на МВР, одбележан Денот на полицијата

На 7 Мај - Денот на македонската полиција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, во кругот на МВР. Тој рече дека овој ден е посветен на полициските службеници на Република Северна Македонија, кои практично се хероите на нашето време. „За жал, некои од нив, борејќи се за безбедноста на...

Свечено одбележана заедничката операција на ФРОНТЕКС во С. Македонија

Речиси целиот државен врв присуствуваше на денешното свечено одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија“, како дел од Договорот за оперативни активности спроведени од Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС. Премиерот Димитар Ковачевски имаше воведно обраќање, а домаќини на настанот во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, Скопје беа министерот за внатрешни работи,...

Ковачевски: Македонија припаѓа во ЕУ, ја имаме поддршката од Словенија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со неговиот колега од Словенија, Роберт Голоб. Како што информираат од владиниот кабинет, на билатерален состанок учествувале и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон и министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова Дух. „На состанокот беше констатирано дека Северна Македонија...

Контраспин: Спин е дека не се прави ништо за справување со заканите со бомби

Преку манипулативна комуникација со јавноста во која има ред вистина, ред полувистина и невистина главната партија на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, спинува за феноменот на хибридните закани со кои се соочува државата веќе пет месеци – заканите за поставени бомби, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   ВМРО-ДПМНЕ искомуницира со јавноста преку соопштение во кое се детектираат спинови: 5 месеци...

Заканите за поставени бомби во училишта станаа секојдневие во светски рамки

Затворање на училишта, евакуација на ученици, отворени истраги за дојави за бомби станаа речиси секојдневие, не само во Македонија, туку и во многу други држави во светот. За причините се шпекулира, за можните решенија наголемо се дискутира во светски рамки, но досега не е пронајдено „магично стапче“ со кое би се решил проблемот кој секојдневно внесува страв и паника,...

Контраспин: Бојкотот на собраниската комисија „за бомбите“ како протест поради ускратена јавност е спин

Ако цело време додека траат заканите за бомби ВМРО-ДПМНЕ комуницира со јавноста дека за тоа е виновна неспособноста на власта и некапацитетноста на МВР, а во исто време бараат подетални информации кои кога имаат шанса да ги добијат ја бојкотираат седницата, само затоа што биле класифицирани како државна тајна, тогаш оваа недоследност, претставена како протест поради ускратена јавност, може...

МВР: Од утре возачите задолжително да носат зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември, па до 15 март 2023 година, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. Оттаму апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така се...

Креативен конкурс за млади на тема – Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?

Младите на возраст од 15 до 29 години кои создаваат дизајни и други креативни содржини на социјалните мрежи ќе имаат можност да учествуваат на конкурс на тема тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката. Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), распиша конкурс на кој младите...

ЗНМ: Скршена камера – безбедноста на новинарите и снимателите мора да биде гарантирана на протестите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) јавно укажува на примери од проблематичен однос кон медиумски работници од страна на дел од припадниците на МВР како и на поединечни лица, дел од толпата, кои протестираа во текот на вчерашната ноќ пред Собранието. Во момент додека службени лица вршеле лишување од слобода на лица кои претходно насилно се однесувале на јавниот простор...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...