Пендаровски на Генералното собрание на ОН: Војната во Украина е најеклатантен, но не и единствен пример за заканите по безбедноста

Пендаровски во говорот првично се осврна на агресијата на Руската Федерација врз Украина, за која рече дека продолжува со несмалена жестокост, што е флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и на принципите на меѓународното право, во континуитет

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации.

Тој во говорот првично се осврна на агресијата на Руската Федерација врз Украина, за која рече дека продолжува со несмалена жестокост, што е флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и на принципите на меѓународното право, во континуитет.

„Станува збор за најголемата безбедносна криза по Втората светска војна, со глобални последици кои, повеќе или помалку се чувствуваат на сите континенти. Со секој изминат ден, се зголемуваат страдањата на украинскиот народ, се уништуваат материјални добра и расте опасноста од ескалација. Најостро ја осудуваме агресијата врз Украина, како што тоа го направија и огромен број членки на нашата организација. Се залагаме за безусловно повлекување на руските окупаторски трупи и за почитување на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, во рамки на нејзините меѓународно признаени граници“, рече Пендаровски.

Пендаровски во говорот додаде дека војната во Украина креира состојба на општа непредвидливост и кризи коишто меѓусебно се поттикнуваат, особено во снабдувањето со храна и енергенси.

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

„Недостатокот од храна ги загрозува најсиромашните и се заканува во многу делови од светот да предизвика хуманитарни катастрофи со незабележани магнитуди. Даваме целосна поддршка на напорите на генералниот секретар за враќање во сила на договорот за извоз на украинско жито преку Црното море, затоа што е целосно неприфатливо, храната и енергијата да се користат како оружје за остварување на воени или политички цели“.

Пендаровски во својот говор се осврна и на климатските промени и последиците од истите, велејќи дека „војната во Украина е најеклатантен, но, за жал, не и единствен пример, за заканите по светскиот мир и безбедност“.

„Регионот на Југоисточна Европа, од кој доаѓам, се соочува со досега непознати феномени: таканаречените суперклеточни луњи коишто се речиси на границата на торнада се директна последица на климатските промени. Глобалното затоплување, како што вели генералниот секретар, веќе преминува во глобално вриење. Без сомнение, светот е исправен пред егзистенцијален предизвик, а единствениот успешен противодговор е можен, само ако сите се обединиме врз една, единствена платформа“, рече претседателот Пендаровски во својот говор.

Кон крајот на својот говор, Пендаровски изјави дека С. Македонија продолжува да дава активен придонес кон мирот, стабилноста, демократските вредности, одржливиот развој и економскиот просперитет.

„Оваа година, претседаваме со ОБСЕ, најголемата регионална безбедносна организација, во време исполнето со предизвици без преседан, но и во такви услови, настојуваме да ја задржиме релевантноста на Организацијата, тргнувајќи од темелните принципи од Повелбата на ОН и Завршниот акт од Хелсинки. Остануваме меѓу најголемите промотори и на регионалната соработка во Југоисточна Европа, настојувајќи, истовремено, да ги исполниме критериумите за членство во Европската Унија, не подоцна од 2030-та година. Кај нас не постои дилема дека јакнењето на демократските институции, во континуитет, со загарантирана рамноправност на сите граѓани, е единствениот можен пат до поголема кохезија во едно мултиетничко општество“, рече Пендаровски.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...