Ковачевски: Македонија припаѓа во ЕУ, ја имаме поддршката од Словенија

-

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со неговиот колега од Словенија, Роберт Голоб. Како што информираат од владиниот кабинет, на билатерален состанок учествувале и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон и министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова Дух.

„На состанокот беше констатирано дека Северна Македонија и Словенија веќе 31 година развиваат искрено и цврсто пријателство, кое што резултира со продуктивна билатерална соработка“, наведено е во владиното соопштение.

Премиерот Ковачевски рече дека Северна Македонија го почитува ангажманот на Словенија во сите важни процеси за нашата држава, при НАТО интеграцијата, кога беше втората земја што го ратификуваше Протоколот за пристапување и посебно при отворањето на пристапните преговори со ЕУ, во јули, минатата година, по 17 години од добиениот кандидатски статус.

Двајцата премиери потпишаа заедничка декларација за зајакната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, по што одражаа и заедничка прес конференција.

„Денеска направивме пресек на нашите севкупни односи. Разговараме и за други актуелни и важни регионални и меѓународни прашања, меѓу кои и за војната во Украина и за нашето сојузништво и обединетост по тоа прашање. Се договоривме и ќе се залагаме за зајакнување на билатералната соработка преку редовен политички дијалог, вклучително и преку одржување меѓувладина седница во текот на 2023 година за сите важни области за граѓаните“, рече Ковачевски.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...