Спасовски за 7 Мај: Полицијата стана пријател на граѓаните и партнер за соработка на меѓународен план

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека Денот на полицијата се одбележува заеднички со граѓаните, согласно утврдениот концепт „Полицијата во служба на граѓаните“

-

Во присуство на претставници на Владата, Собранието, раководството на Интерпол, министри за внатрешни работи и директори на полиции од регионот, дипломатскиот кор, претставници на локалната самоуправа и верските заедници, раководството на Министерството за внатрешни работи и бројни пријатели и гости на сцената на Долни Сарај во Охрид денеска се одржа централната прослава на одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање истакна дека веќе традиционално последните години Денот на полицијата се одбележува заеднички со граѓаните, согласно утврдениот концепт „Полицијата во служба на граѓаните“, а фактот што сѐ повеќе гости од пријателски и партнерски земји укажуваат чест на овој ден, дава меѓународна димензија на овој настан.

Министерот Спасовски истакна дека се воспоставени билатерални контакти со голем број земји и постои активна оперативна соработка со колеги од Европа и пошироко.

„Како резултат на тоа, минатиот месец ја започнавме заедничката операција со ФРОНТЕКС на нашата јужна граница, во насока на справување со илегалната миграција, упатувајќи порака дека единствено со заеднички, координиран пристап можеме успешно да се справиме со глобалните предизвици, но и дека нашата заедничка посветеност ќе обезбеди поголема безбедност како за граѓаните на нашата држава, така и на граѓаните на Европската Унија. Покрај ова, како своевидно признание на сите овие бројни меѓународни активности на МВР, токму во овие неколку дена Република Северна Македонија е земја домаќин на јубилејната 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, што се совпаѓа со уште еден убав јубилеј – 30-годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство“, рече министерот Спасовски.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...