Со оддавање почит пред споменикот на загинатите припадници на МВР, одбележан Денот на полицијата

Министерот Оливер Спасовски рече дека овој ден е посветен на полициските службеници на Република Северна Македонија, кои практично се хероите на нашето време

-

На 7 Мај – Денот на македонската полиција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, во кругот на МВР.

Тој рече дека овој ден е посветен на полициските службеници на Република Северна Македонија, кои практично се хероите на нашето време.

„За жал, некои од нив, борејќи се за безбедноста на граѓаните и државата, ја дадоа и најскапоцената жртва – своите животи, поради што на овој ден со неизмерна почит се потсетуваме на нив и на нивната храброст, како вечна инспирација за сите нас! Затоа и велиме дека да се биде полицаец, да се биде припадник на Министерството за внатрешни работи – претставува посебна чест и огромна одговорност“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Фото: МВР

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски рече дека е убеден дека како до сега, така и во иднина ќе се продолжи со воспоставениот континуитет на квалитетно и ефикасно реформирање на полицијата и на полициската служба.

„Верувам дека чесно, професионално и бескомпромисно ќе ги исполнувате работните задачи како и до сега, и ќе продолжите да бидете херои на своето време. Ви посакувам успех како на професионален, така и на личен план“, рече тој.

На настанот присутни беа и државниот секретар при МВР Магдалена Несторовска, заменик директорот на БЈБ Ариф Асани, Здружението на бранителите, семејствата на загинатите припадници на МВР и претставници на Македонскиот полициски синдикат.

Од Владата порачаа дека со реализација на процесот на реформи е придонесено кон повисока професионализација на полицијата, која денес е препознаена како сервис на граѓаните, бранејќи ги нивните права и штитејќи ги јавниот мир и безбедност.

Честитка по повод Денот на полицијата упати и премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека постигнатите резултати на полицијата се одраз на посветеностa и стручностa во справување со сите национални и глобални предизвици.

„Ви ја честитам на ефикасноста во борбата со корупцијата и организираниот криминал, за што показател се реализираните резултати во 2022 година – сузбиени 15 криминални групи, запленети над 2,4 тони дрога со проценета вредност од 6 милиони евра на црниот пазар, спречени се над 26 илјади обиди за илегални преминувања на границите“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...