Таг: безбедност
таг: безбедност
„Адоуб“: Деактивирајте го „флеш плеерот“
Компанијата „Адоуб“ денеска го објави безбедносниот билтен во кој наведува критичен пропуст (кодно име: CVE-2015-0313) во својот софтвер „флеш плеер“, кој овозможува да се внесе произволен код на далечина што се користи за напад на оперативни системи.
„Адоуб“ работи за крпенка која треба да биде готова во следните неколку дена. Додека корекцијата не биде објавена, корисниците се повикуваат да го деактивираат...
Франција го зголемува надзорот на осомничените џихадисти
Француските власти ќе надгледуваат околу 3.000 лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористички мрежи, соопшти премиерот на Франција, Мануел Валс, додавајќи дека тоа е дел од новите владини мерки за сузбивање на радикалниот исламизам во земјата.
Влас најави ангажирање на дополнителни 2.680 припадници на полицијата, жандармеријата или разузнавачките служби за да се зголеми безбедноста на земјата, како и...
„Гмаил“ поотпорен на шпионирање
„Гугл“ на официјалниот блог „Гмаил“ објави дека компанијата презела дополнителни чекори за заштита на приватните податоци на своите корисници. Од неделава е активна безбедносната политика која има за цел да ги онеспособи надворешните додатоци за „Гмаил“ при неовластено читање на електронските пораки на корисниците. „Контент секјурити полиси“ (ЦСП) ги штити корисниците на начин што ги блокира несаканите екстензии во случај...
Франција развива програма за пресретнување беспилотни летала
Генералниот секретаријат за одбрана и национална безбедност на Франција иницирал програма за развивање методи за откривање и за пресретнување на беспилотни летала, по пријавите за голем број такви летала над француските нуклеарни постројки, објавуваат француските медиуми.
Од генералниот секретаријат изјавиле дека наведените прелети не претставуваат опасност за работата и за безбедноста на нуклеарните централи, но претставуваат предупредување за можни ризици од нивна...
Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас
Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми.
Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите.
Американскиот...
Се кастри максималната брзина: Во градовите само со 50 километри на час!
Максималната брзина на движење на возилата низ сообраќајниците во урбаните средини, наместо досегашните 60 километри на час, ќе изнесува 50 километри на час, е предвидено со измените на Законот за безбедност во патниот сообраќај, кој е подготвен и треба да се најде во собраниска процедура, потврдуваат за агенцијата „Мета“ од МВР.
Како што информираат оттаму, ова е најголемата и единствена...
Веб-страница пренесува снимки од хакирани безбедносни камери, 56 од Македонија
На веб-страницата „Инсекам“ (Insekam) собрани се преку 73.000 стримови во живо од безбедносни камери, чии сопственици не ја промениле основната лозинка. Во Македонија има 56 такви сигуроносни камери, кои се поставени во Битола, Гостивар и во Добри Дол.
„Инсекам“ тврди дека емитува стримови од камери од целиот свет, вклучувајќи преку 11.000 од САД. Покрај снимки од паркиралишта, фабрички погони и продавници, на...