fbpx
Таг: Амнестија

таг: Амнестија

Блицкриг на Иванов: Аболиција, сликање, насмевки, тројна средба и гала-вечера

Посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, случајно или не, поминаа во сенка поради одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Тој ја соопшти оваа одлука половина час пред тие да пристигнат во неговата вила. Според „Дојче веле“, нивното присуство требало да биде...

Германија очекува брзо разјаснување на одлуката на Иванов

Германската амбасада во Скопје денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради најавата на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира и да ги амнестира политичарите. „Очекуваме принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни. Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана....

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата, покојниот Киро Глигоров. Сите негови наследници во своите мандати аболираа лица осомничени за криминал, а последниот...

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот. Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување, односно ослободување на Костовски. „До Основниот суд Скопје 1, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот...

Денеска во 18 часот, нов протест против одлуката на Иванов

Протестот против одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат истраги или правосудни постапки, продолжува и денеска во 18 часот, а почетокот е закажан пред просториите на Специјалното јавно обвинителство. Во објавата на „Фејсбук“ стои: „Продолжуваме со мирен собир за поддршка на СЈО денес во 18.00 часот и ги повикуваме сите граѓанки и...

Мирно заврши протестот пред ВМРО-ДПМНЕ

Мирно заврши протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичарите, кој се одржа пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Последната група од неколку десетина демонстранти, триесетина минути пред полноќ се повлече пред полицискиот кордон. На местото сè уште се присутни полициските специјалци. Протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел помина мирно, освен неколкупати кога дојде...

Протестот продолжува пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите се туркаат со полицијата

Со гласање демонстрантите одлучија протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари, да го продолжат пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот. Првата опција беше мирно расчистување на протестот на што граѓаните не се согласија, втората протестот да се продолжи пред вилата на претседателот Иванов на Водно, но патот кај основното училиште „Кочо Рацин“ е затворен,...

Хан: По ова, се сомневам дека има услови за веродостојни избори

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан денеска ја осуди одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на судските процеси против политичарите, истакнувајќи дека тоа е спротивно на владеењето на правото. „Денешните постапки на претседателот Иванов не се во согласност со моето разбирање за владеењето на правото. Во контекст на развојот на овие настани, имам сериозен сомнеж дали веродостојни...

„Цивил“: Бараме Иванов да каже кој е виновникот од меѓународната заедница

Ѓорге Иванов објави дека поднел општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата, наводно, како начин за излез од политичката криза, тврдејќи дека не може „во својот мандат да го дозволи ова што ѝ се случува на Македонија“. А што тоа ѝ се случува на Македонија во овие седум години додека Иванов ја...

ВМРО-ДПМНЕ: Фрапирани сме од одлуката на Иванов

Тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на преседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки. „Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се...

Заев: Ова е државен удар, Иванов итно да си поднесе оставка или да се отповика

Македонијо, лицето што на криминални избори го постави Никола Груевски на чело на државата направи државен удар. Уништувајќи ја земјата, се обидува да ги спаси од криминалот тие што ѝ направија зло на сопствената земја, на сопствениот народ. Тој стана директен соучесник во злосторничкото здружение, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Тој сака парите од криминалната банда...

НСДП: Иванов и официјално ја прогласи Македонија за мафијашка држава

Со амнестијата на организираниот криминал и со аболицијата на криминалците, Иванов ги погази сите атрибути на една демократска и правна држава и официјално ја прогласи за мафијашка држава, стои во реакцијата на Нова социјалдемократска партија (НСДП) на денешната одлука на претседателот на држвата, Ѓорге Иванов. „На 8 септември 1991 година граѓаните прогласија самостојна, суверена и независна Република Македонија, а денеска...

ЛДП: Иванов веднаш да си поднесе оставка

„Антидржавна и противуставна е одлуката на Ѓорге Иванов да прогласува аболиција за сите случаи поврзани со прислушуваните разговори. Со овој чин Иванов ги аболира криминалот и диктатурата на власта“, се вели во реакцијата на ЛДП. „Актот на Иванов да ги прекине сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија и од власта и од опозицијата, е погазување...

Повици за протести на социјалните мрежи

Повици за собири и за протести се шират по социјалните мрежи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари за кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, има донесено правосилна пресуда. Досега има идеи да се запалат свеќи пред Народната канцеларија на Иванов, која се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Димитрије Чуповски, да се...

Иванов се стави над законот, Уставот и над Собранието, велат експертите

Ова што денеска го направи претседателот Ѓорге Иванов е класична злоупотреба на овластувањата. Ова е реакцијата на професорот по кривично право Гордан Калајџиев за денешната постапка на Иванов, со која ги аболираше и ги амнестираше сите политичари против кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, против кои има правосилна судска одлука. - Претседателот се ставил и на законот и...

СЈО: Да ја видиме одлуката на Иванов, па ќе се изјасниме

Специјалното јавно обвинителство чека да ја добие интегрално одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на политичарите против кои се водат правосудни постапки, по што ќе излезат со официјален став, велат за „Мета“ од СЈО. Како што ни рече портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, за да не бидат извадени од контекст, во овој момент...

Иванов фрли „бомба“: Ги амнестираше и ги аболираше политичарите против кои се водат постапки

Преседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донесе одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Ова Иванов го соопшти попладнево, во обраќање до граѓаните на Република Македонија. - Со намера да придонесам во решавањето на кризата, свесен за последиците врз државата и граѓаните ако не се преземе нешто да се реши оваа тешка криза,...

Јакимовски: Не може некој да дојде на власт со слушалки на уши

Тука сме да го браниме Уставниот суд, да ја одбраниме државата, порача претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, пред насобраните граѓани пред Уставниот суд. Тој рече дека еден аболиран Зоран Заев не може да го урива уставниот поредок на Република Македонија. - Сега ја напаѓаат Македонија, кога е соочена со бегалската криза и кога постои опасност за дестабилизација на државата. Со тоа...

Уставниот суд в среда ќе го врати помилувањето за изборни измами

Уставниот суд в среда (16 март) ќе одлучува дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да амнестира лица за изборни измами или, пак, ќе го остави актуелното решение во Законот за помилување со кое тоа му е оневозможено. Како што може да се види од агендата за наредната седница на Уставниот суд, објавена на интернет-страницата на судот,...

Министерот за правда е против измена на Законот за помилување

Актуелниот Закон за помилување е добар и нема потреба од негово менување, смета министерот за правда, Аднан Јашари. Ова е прв коментар на министерот за правда на иницијативата до Уставниот суд со која се отвора можноста претседателот на државата да може да помилува лица осудени за изборни измами, педофилија и за дела против човештвото. - Јас сум на истиот став...

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...