fbpx

„Цивил“: Бараме Иванов да каже кој е виновникот од меѓународната заедница

-

Ѓорге Иванов објави дека поднел општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата, наводно, како начин за излез од политичката криза, тврдејќи дека не може „во својот мандат да го дозволи ова што ѝ се случува на Македонија“.

А што тоа ѝ се случува на Македонија во овие седум години додека Иванов ја окупира претседателската фотелја прашуваат од невладината организација „Цивил“.

„Го повикуваме Иванов да го објасни ставот дека кризата во Република Македонија е „нечиј туѓ интерес“. Иванов се служи со веќе слушнати фрази за некој невидлив непријател кој, според него, им направил нешто на политичарите и од власта и од опозицијата, па тие се мразат меѓусебно. Во своето обраќање, тој инсинуира дека виновникот за кризата е меѓународната заедница. За кого точно се работи? Бараме од него да го именува виновникот.„Аболицијата“ на Иванов е акт кој нема кредибилитет и не смее да се признае. Тој се наоѓа на позиција до која дошол на избори за кои постојат отворени истражни постапки и обвинителни акти за изборна кражба. Таа истрага мора да добие судска разрешница, а дури потоа, некој може да размислува за аболиција. Наместо да излегува со небулозни обиди да ја спаси својата и кожата на неговите наредбодавачи, го повикуваме Иванов да поднесе оставка на функцијата до која дошол, како што целата јавност слушна, преку изборна кражба“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...