fbpx

Чавков: МВР работи нормално, владата ги исправи незаконските постапки на Спасовски

-

Министерството за внатрешни работи функционира нормално бидејќи овластувањата и надлежноста на министерот не се доведени во прашање туку доведени се во прашање со одлука на Влада само оние незаконски решенија и акти што тој ги има донесено од ноември, минатата година, досега, изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков.

Според Чавков, решенијата донесени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кои ги поништи владата, преставуваат еклатантен пример на кршење на законот и се сосема спротивни на Договорот од Пржино.

– Тие во нивните политички фразеологии зборуваа дека се влезени во Владата да извршат деполитизација на министерствата. Но, се случи токму спротивното. Тие направија партизација, односно со решенијата кои ги донесоа се случија незаконски разрешување на началници и вработување на нивни кадри односно политички активисти во министерствата – изјави Чавков.

Одлуката на Владата да ги поништи решенијата не придонесуваат за уривање на системот на МВР, напротив според Чавков, владината одлука ќе ги исправи како што рече незаконските постапки на министерот Спасовски.

– Се работи за вкупно 427 незаконски решенија. Има поднесено 123 тужби против ваквите решенија. Од тие тужби имаме 32 правосилни решенија од Вишиот Управен суд, во кои е децидно кажано дека му се забранува на министерот за внатрешни работи, да спроведува било какви правни дејствија против решенијата – изјави Чавков, кој денеска беше во посета на Јегуновце каде присуствуваше на отворањето на полициска станица во ова населено место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...