fbpx

Иванов фрли „бомба“: Ги амнестираше и ги аболираше политичарите против кои се водат постапки

-

Преседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донесе одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки.

Ова Иванов го соопшти попладнево, во обраќање до граѓаните на Република Македонија.

– Со намера да придонесам во решавањето на кризата, свесен за последиците врз државата и граѓаните ако не се преземе нешто да се реши оваа тешка криза, свесен за последиците врз мене, но и со силна верба дека носам одлука за државата и нацијата нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република Македонија. Согласно сите мои уставни и законски одлуки, а преку одлука со која се извршува општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржуваните од спротивставените страни. Таквата одлука ја донесов и ја потпишав денес. Во одлуката пишува дека стапува на сила веднаш – рече Иванов.

Иванов соопшти дека со амнестијата на едно лице му престанува издржувањето на затворската казна и кое е осудено со правосилна судска одлука.

– Никој од опфатените во овие одлуки не информирав. Не побарав согласност од никој за оваа моја постапка. Не навлегував во тоа дали некој е виновен или невин. Поаѓам од презумцијата на невиност и моја претпоставка е дека поголемиот дел од нив се невини иако не можам да го потврдам тоа без судска одлука. Само една од одлуките е амнестија за едно лице кое веќе е правосилно осудено, но со оглед на тоа што за сите други од тој случај се прекинува постапката ценев дека е неправедно само тоа лице да отслужува казна само затоа што го признал делото и се спогодил за висината на казната – вели Иванов.

Иванов рече дека политичката криза во Македонија била во туѓ интерес, за нечии туѓи цели и за некој кој сака преку завојуваните политичари и политички лидери да оствари своја цел, а тоа резултирало со невидена политичка конфронтираниот, бескраен реваншизам и омраза.

– Работите отидоа толку многу далеку, се отворија меѓусебно толку многу кривични постапки и сега и едните и другите се подготвени да употребат секакви можни средства само да не бидат поразени на следните избори затоа што не знаат до каде ќе оди другата страна во продлабочувањето на личната пресметка, реваншизмот, омразата и ксенофобијата. Судиите се под невиден притисок од сите страни. Претставници на меѓународната заедница ни се шетаат низ судовите кои треба да донесат одлуки дали некого да притворат или не. Сетоа ова стана за многумина неиздржливо. Наликува на борба до истребување. Работата е заплеткана до бескрај и никој не може да ја отплетка. Ниту Пржинскиот договор ниту распуштањето на Собранието не ги намали тензиите, напротив ги зголеми – рече Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...