Уставниот суд в среда ќе го врати помилувањето за изборни измами

-

Уставниот суд в среда (16 март) ќе одлучува дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да амнестира лица за изборни измами или, пак, ќе го остави актуелното решение во Законот за помилување со кое тоа му е оневозможено.

Како што може да се види од агендата за наредната седница на Уставниот суд, објавена на интернет-страницата на судот, меѓу другитe, во дневниот ред е наведена и точката „Предлог за одлучување, со нацрт-одлука по предметот У.бр.19/2016“, односно иницијативата за оценување на уставноста на измените на Законот за помилување од 2009 година, со кои, меѓу другото, се забранува помилување за изборни измами, педофилија и за дела против човештвото.

Како што дознаваме, Собранието од кого Уставниот суд вчера побара мислење за иницијативата, експресно одговорилo на барањето, а претседателот на Уставниот суд уште поескпресно ја ставил оваа точка на дневен ред за наредната седница.

Иницијативата за амнестирање лица инволвирани во изборни нерегуларности е на младиот охридски адвокат Ристо Китески, кој работи во адвокатска канцеларија на бранител на осомничени лица во случајот „Титаник“.

За одлуката иницијативата да се прифати за разгледување гласаа петмина судии, додека останатите четворица се изјаснија „против“.

Одлуката на Уставниот суд за прифакање на иницијативата предизвика негодувања кај експертската јавност и граѓански протести пред објектот на судот, а реагираа и дипломатите во земјава.

Денеска министерот за правда, Аднан Јашари, изјави дека актуелниот Закон за помилување е добар и нема потреба од негово менување.

– Јас сум на истиот став како и во 2009 година кога го гласав Законот во Собранието како пратеник и понатаму сметам дека тој закон е добар и се надевам дека нема да биде изменет – изјави Јашари.

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на...