fbpx

Османи до крајот на летото очекува безусловна препорака за преговори со ЕУ

-

Владата во овој период е целосно ангажирана околу реформските приоритети што треба да се реализираат во овие три месеци за да може уште кон крајот на летото земјава да добие безусловна препорака за почнување преговори со Европската Унија, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во интервју за „Телевизија 24“.

Османи го оценува одлично повторното доаѓање на Рајнхард Прибе и на неговиот експертски тим во Македонија, за, како што вели, да се види до каде се реформските приоритети и сите забелешки што експретската група ги имаше дадено во 2015 година, до каде е нивната реализација и евентуално да се дадат нови препораки.

– В понеделник со премиерот Зоран Заев имаме средба во Брисел со највисоките претставници на Европската Унија, со Европскиот совет и со Европската комисија и најверојатно таму ќе разговараме за најургетните прашања кои треба да се адресираат во овие неколку месеци. Оваа средба, но и средбите со Прибе и со неговите експерти ќе помогнат да се срочи еден нов ажуриран ургентен план на приоритети, кои треба да ги решаваме и да ги исполниме во првите три месеци за да можеме да дадеме порака дека сме подготвени и да можеме некаде до септември-октомври да добиеме безусловна препорака за почнување на преговорите – вели Османи.

Тој изјави дека на првата седница на Владата биле донесени мерки, меѓу кои и нацрт-текст за резолуција со која ќе биде потврдена посветеноста на државата како целина на евроатланскиот пат, која треба да биде изгласана во Собранието. Османи додаде оти очекува сите партии, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат оваа резолуција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...