fbpx

ОМД: Некористењето на уставните термини отсликува потчинетост и нерешителност

-

Обединета македонска дијаспора, коментирајќи ја вчерашната средба помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, вели дека вчерашниот ден ќе биде запаметен во поновата историја како ден кога актуелен премиер во свое обраќање во јавност по средба со премиер на држава со која има 27 годишен билатерален спор околу разликите за името на државата, ниту еднаш не го употребил уставното име на Република Македонија, ниту пак името на македонскиот народ.

„Употребените термини „нашите земји, нашите народи, нашата влада“ се крајно навредливи за македонскиот народ. Го потсетуваме премиерот Заев дека согласно Уставот на Република Македонија, употребувањето на своето име на држава, народ, јазик е уставна должност и е чин на гордост за промовирање на својот идентитет“, велат од ОМД.

Според ОМД, некористењето на уставните термини отсликува потчинетост, нерешителност и спремност за било каков компромис по секоја цена што е недозволиво. Вчерашните употребени термини од страна на Заев, ОМД ги смета за неприфатливи од страна на Македонскиот народ и ги отфрла како навредливи.

„Промени на имиња на инфраструктурни објекти без сослушување на јавно мислење за иницијативата, преку анкети и мислења на експерти, и замена на истите со навредливи и ништовни предлози се само можни привремени решенија, кои само ќе ја отежнат и одолговлечат, но не и оневозможат неминовната корекција во иднина која ќе го рефлектира мислењето и желбата на државотворниот македонски народ“, додаваат од ОМД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...