четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: промена | 41 резултати

Сите рокови за Република Северна Македонија: Што и до кога треба да се промени (инфографик)

14 февруари 2019

Промената на таблата на граничниот премин со Република Грција е првиот чекор што го направи државата кон целосна промена на уставното име во Република Северна Македонија. Според меѓуресорската група задолжена за извршување на обврските од Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, роковите за целосна промена на името се движат од 3 дена па до […]

„Северна Македонија“, во употреба, најверојатно, од 15 февруари

30 јануари 2019

Новото име на државата, „Република Северна Македонија“, во официјална употреба најверојатно ќе влезе на 15 февруари. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за „Мета“ потврди дека одлуките кои произлегуваат од Преспанскиот договор ќе стапат во сила 7 дена откако Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, а Грција, пак, најверојатно ќе го […]

Изгласани сите нацрт-амандмани за промена на Уставот, следува јавна расправа

4 декември 2018

Пратениците во Собранието по тридневна расправа ги усвоија четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Утре според најавите, би требало да почне јавната расправа за четирите нацрт амандмани за која се предвидени пет дена, по што Владата ќе треба да ги формулира предлозите за амандманите и да ги […]

Комисиската расправа за нацрт-амандманите на Уставот почнува денеска

7 ноември 2018

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандмани на Уставот што ги достави Владата согласно Договорот од Преспа, со што започнува втората фаза од постапката за уставни измени. Расправата може максимум да трае 12 дена односно по три дена за секој амандман. Пленарната седница на која ќе се разгледуваат нацрт-амандманите, […]

На 1 декември пленарна седница за нацрт-амандманите за промена на Уставот

2 ноември 2018

Седницата за нацрт-амандманите за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа, кои Владата ги објави денеска, ќе се одржи на 1 декември. В среда, пак, на 7 ноември, нацрт-амандманите ќе се најдат пред пратениците на Комисијата за уставни прашања. Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на […]

Нацрт-амандманите треба да се достават денеска, Заев најави помеѓу 4 и 7 амандмани

2 ноември 2018

Денеска истекува рокот кога Владата треба да ги достави до Собранието нацарт-амандманите за промена на Уставот според Договорот од Преспа. Нацрт-амандманите денеска ќе се најдат на владина седница, а потоа ќе бидат доставени до Собранието. Вчера премиерот Зоран Заев имаше уште една средба со осумтемина пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За […]

Беса ќе поднесе четири амандмани за Уставот, очекува Владата да ги прифати

24 октомври 2018

Пратеникот Фадил Зендели од Беса изјави дека тие ќе поднесат четири амандмани за Уставот – концепт на граѓанска држава, албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, како и тоа претседателот на државата по второто гласање на закон или друг акт во Собранието да нема […]

Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на владата за уставни промени

12 октомври 2018

Со 10 гласа „за“ и 7 „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на Владата за пристапување кон менување на Уставот според Договорот од Преспа. Комисијата ја задолжи Владата во рок од 15 ден да подготви и достави текст со нацрт амандмани и да ги земе предвид забелешките изнесени на седницата на Комисијата. „За“ […]

Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

10 октомври 2018

Собранието е институција, а пратениците се народни претставници кои ќе ја донесат одлуката и ќе ја спроведат волјата на граѓаните и порачувам да не потклекнат на каков било притисок, затоа што решаваме децениски спор за да ja извлечеме земјата од изолација, рече премиерот Зоран Заев за време на обраќањето на Комисијата за уставни прашања, каде […]

Трнлив и долг е патот до промени на Уставот (инфографик)

8 октомври 2018

Промената на Уставот со уставни амандмани не е ни малку лесна и едноставна процедура. На предлагачот на измените, во овој случај на Владата, во два наврати и е потребно двотретинско мнозинство. Еднаш за да го отвори и еднаш за да го затвори Уставот, процедура која трае неколку месеци. Според Уставот, одлука за пристапување кон измена на […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги правда криминалот и промената на името, со лажни заложби за ЕУ

24 септември 2018

На власт се политичари и нивни ученици, кои во 90 -те не убедуваа дека само да ја  прифатиме привремената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, па да го смениме знамето, па Уставот, па да го прифатиме Рамковниот, па територијалната поделба, се прифативме и не само што не тргна на подобро, туку е полошо, се […]

Груевски: Власта води политичка хајка, нема да се појавам во суд

4 септември 2018

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на прес-конференција во Собранието најави дека утре нема да се појави во Апелацискиот суд, а на седницата за „Тенк“ нема да присуствуваат ниту неговите адвокати зашто, како што рече, и онака одлуката е политички веќе донесена. Груевски обвини дека власта води политичка хајка против него, а судиите […]

ОМД: Бојкот е единствениот достоинствен одговор на референдумот

31 јули 2018

Ние сме против референдум за промена на уставното име и затоа ја поддржуваме и се приклучуваме кон кампањата на глобалното непартиско движење „Ние Сме Македонија” за бојкот на референдумот распишан за 30 септември, соопшти Обединетата македонска дијаспора. „Вчера, на незаконски начин претседателот на Собранието Талат Џафери распиша консултативен референдум со 68 гласови „за“ и без […]

Заев: Не може да се очекува уставна промена за било кое име

21 мај 2018

Среќен сум затоа што добив ослободителна пресуда и конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда, рече премиерот Зоран Заев по објавувањето на пресудата за случајот „Поткуп“. Тој побара од институциите јавно да ја објават целата снимка од ПИ-мерките и рече ако му ја достават, тој самиот ќе ја објави за да се види дека […]

Мицотакис: Не е можно решение без соседите да го променат Уставот

27 април 2018

Решение не може да постои без претходно соседната земја да го промени нејзиниот Устав и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот, рече Кирјакос Мицотакис, лидерот на најголемата грчка опозициска партија, говорејќи пред одговорните на различните сектори во Нова демократија. Мицотакис смета дека начинот на кој владата управува со преговорите, предизвикува загриженост […]

Коѕијас: Грција не треба да се плаши од компромис со една мала држава

28 март 2018

Името не треба да има иредентистички елементи, треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во обраќањето на промоцијата на книгата „Македонското прашање“ на Никос Мерѕос. – Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста […]

Ѕанакопулос: Промената на Уставот е цврста преговарачка позиција на грчката Влада

26 февруари 2018

Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Риал фм“. Тој, како што јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш ги повторил грчките позиции. – Грчката позиција е сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи […]

Грчкиот претседател Павлопулос бара Македонија да го промени Уставот

8 февруари 2018

Името може да се реши само кога нема да зрачи иредентизам, бидејќи иредентизмот е спротивен на меѓународното право и на европското законодавство, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и уште еднаш го повтори неговиот став дека потребни се уставни промени во Македонија, за, како што вели, отстранување на иредентистичките позиции, а потоа решение на проблемот и […]

ОМД: Некористењето на уставните термини отсликува потчинетост и нерешителност

25 јануари 2018

Обединета македонска дијаспора, коментирајќи ја вчерашната средба помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, вели дека вчерашниот ден ќе биде запаметен во поновата историја како ден кога актуелен премиер во свое обраќање во јавност по средба со премиер на држава со која има 27 годишен билатерален спор околу разликите за името […]

Мицотакис: Прво ќе барав промена на македонскиот Устав, а потоа ќе преговарав

24 јануари 2018

Во други околности треба да се бара решение на спорот со името, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, кој пред политичкиот комитет на опозициската партија упати остри критики кон грчката Влада во однос на тоа како се однесува со прашањето за името. Во присуство на поранешните премиери Костас Караманлис и Андонис Самарас, Мицотакис […]

Страна 1 од 2