fbpx

Советот на град Скопје ја усвои одлуката за промена на имињата на улиците, опозицијата најавува судска разврска

-

Листата на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје вчера беше усвоена од мнозинството во Советот на град Скопје, на што опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивстави и најави дека по судски пат ќе ја укинува донесената одлука на градските советници.

На вчерашната седница се расправаше за имињата на 485 улици на територијата на главниот град. Од Градот Скопје информираа дека добиле поддршка од Фондацијата „Славко Јаневски“ и од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за именување на две улици од централното градско подрачје со имињата на великаните Славко Јаневски и Блаже Конески. Булеварот ВМРО во иднина ќе се вика булевар Блаже Конески, додека улицата Стив Наумов ќе биде преименувана во Славко Јаневски.

Со донесената одлука на градскиот совет, се враќаат некогашните имиња на улиците Ленинова, Железничка, Мексичка, Каирска, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 4 Јули, 29 Ноември, Бихаќка, Владимир Комаров, Руди Чајавец, Жарко Зрењанин, Драчевска, Ратко Митровиќ и други, информираат од Град Скопје.

Мостот Тодор Александров (мостот Близнак) ќе биде преименуван во Мост Накие Бајрам и Роса Плавева, мостот Слобода (кај Холидеј Ин) ќе се вика мост Вера Ацева, а новиот мост на булевар АСНОМ во Аеродром ќе се вика Генерал Михајло Апостолски. Пешачкиот мост кај зградата на Владата ќе го добие името по неодамна починатиот заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со соопштение дека промената на имињата на улиците е противзаконска, бидејќи актуелниот закон не го дозволувал ова на 6 месеци пред одржување на избори и една година пред одржување на попис. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата велат дека ќе поднесат иницијатива по судски пат да биде укината „оваа противправна одлука на Шилегов“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...