fbpx

На 1 декември пленарна седница за нацрт-амандманите за промена на Уставот

-

Седницата за нацрт-амандманите за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа, кои Владата ги објави денеска, ќе се одржи на 1 декември.

В среда, пак, на 7 ноември, нацрт-амандманите ќе се најдат пред пратениците на Комисијата за уставни прашања. Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно.

Собранието на пленарна седница со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со 61, го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно.

Потоа следува јавна дискусија за нацрт-амандманите, по што се поднесуваат амандмани на нацрт-амандманите за кои ќе се води претрес исто така во две комисии. Откако Собранието со апсолутно мнозинство од 61 пратеник ќе се изјасни за секој од амандманите на уставните амандмани, се закажува седница за измена на Уставот за која е потребно двотретинско мнозинство која е крајната фаза за изменет Устав.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...